Македонија
Општина Кисела Вода го презеде управувањето со спортската сала „Расадник“
 
																								
												
												
											Општина Кисела Вода го презеде управувањето со спортската сала „Расадник“.
Градоначалникот Ѓорѓиевски, кој денес изврши увид во руинираната сала, истакна дека сега, откако Кисела Вода правно управува со неа, ќе почне процес за целосна реконструкција и враќање на сјајот на овој некогашен дом на спортот и спортските великани.
„Со големо задоволство сакам да ве информирам дека, конечно, правно ја вративме салата ‘Расадник’. Ја презедовме без долговите што ги имаше и почнуваме процес за нејзина темелна реконструкција. Со овој чин ставаме крај на 30-годишната негрижа, која овој објект го претвори во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор, кој од најголема гордост стана најголем срам не само за Кисела Вода туку и за цела Македонија.
Почитувани, од денес вртиме нова страница во приказната за салата „Расадник“. Од денес испишуваме ново поглавје, кое ќе го врати сјајот на овој спортски објект. „Расадник“ повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања, повторно ќе биде дом на „црвено-црните“ и на сите други значајни клубови. Место од каде што ќе одекнуваат аплаузи и навивања, место каде што ќе се слави успехот“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Бесплатна телефонска линија за пријавување на повреда на избирачкото право
 
														Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (2 ноември) на денот на одржувањето на вториот круг од локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Отворени за граѓаните ( покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцелари на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.
Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310 и Куманово: 031 431-488,Струмица 034 329 -996 и Штип 032 389-700.
„Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права“, се наведува во соопштението.
Народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.
Македонија
АВМУ: Сите медиуми од ноќеска на полноќ да ја прилагодат својата програма за изборниот молк
 
														Со денешниот ден завршува изборната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19:00 часот на 2 ноември 2025 година. За време на молкот медиумите продолжуваат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смее да се емитува ниту еден од облиците на изборно медиумско претставување, извести АВМУ.
„При известувањето во деновите на изборниот молк ќе се смета дека медиумите го прекршиле изборниот молк доколку емитуваат, односно објават какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта“, соопшти АВМУ.
Агенцијата очекува сите медиуми, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.
Македонија
Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука
 
														,,По првиот круг системот прокрваре. Во вториот круг може да го добие конечниот удар. Нормално, ако ние тоа го направиме, ако го преточиме во одлука. И сметам дека времето на одлуката е дојдено, затоа што мислам дека ни е на сите доста од вакви удбашки, бизнисменски, одвратни приказни кои ги живееме триесет и пет години. Системот е на нозе. Сега Скопје на нас е оставено”, порачува кандидатот за градоначалник од партијата Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ.
„Ова е класна борба. Класна борба кога имаш две спротивставени страни кои се потполно различни. Една која е наоружана со сите капацитети на државата и друга која сака да се ослободи од тие притисоци“, потенцира Мециновиќ.
Тој додава дека „во оваа кампања ги видовме сите можни лични напади, фабрикации, измислици, притисоци кои можевме да ги замислиме“.
„И зошто мислите дека за прв пат се случува вакво нешто во кампања? Тоа е затоа што за првпат после триесет и пет години им го оспоруваме статус-квото“, појаснува тој.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											