Македонија
Општина Кисела Вода го чисти коритото на Мала Рада
Се чисти коритото на реката Мала Рада во селото Драчево во должина од околу половина километар. Во изминатиот период фирмата ангажирана од Општина Кисела Вода интензивно работи со механизација на овој потег, кој беше запоставен години наназад, информираат од општината.
„Огромни количини нарасната вегетација и тиња, но и шут, кабаст и комунален отпад оставен од несовесни граѓани завршија на депонијата во Дрисла. Грижата за животната средина и понатаму останува да биде во фокусот на Општина Кисела Вода, што резултира со бројни вакви и слични акции за чистење и расчистување. Сепак, како локална самоуправа сакаме повторно да апелираме до граѓаните кои треба да покажат свест и совест и да ја сочуваат средината во која живеат“, додаваат од таму.
Појаснуваат дека покрај превенирањето на загадувањето во еколошка смисла, потребно е да се разбере и дека отпадот кој завршува во коритото на Мала Рада, може да влијае врз намалување на пропусната моќ на оваа река, што може да доведе до нејзино излевање во случај на обилни врнежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

