Македонија
Општина Кисела Вода ќе го собира кабастиот отпад – жителите да се јават и да закажат термин
Општина Кисела Вода преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита и понатаму ја продолжува практиката за собирање кабаст отпад по урбани и месни заедници на територијата на општина Кисела Вода.
„Поаѓајќи од фактот дека одложувањето кабаст отпад претставува проблем за домаќинствата на територија на општина Кисела Вода и тој се одложува на несоодветни локации на територијата на општината, би сакале да ве информираме дека во периодот од 13 септември 2021 до 24 септември 2021 година во рамките на месните и урбаните заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници, кои секојдневно ќе го собираат кабастиот отпад пред домаќинствата или колективните згради на територијата на општина Кисела Вода.
Секој граѓанин жител на општина Кисела Вода ќе може да закаже термин на телефонскиот број 072/313-331 секој работен ден од 9 до 15 часот, во периодот од 6.9.2021 до 13.9.2021 година, за подигање кабаст отпад“, велат од Општината.
Од таму додаваат дека граѓаните што ќе сакаат да им биде собран и одложен кабастиот отпад ќе бидат должни да го одложат пред својот објект на безбедна локација, со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и другите учесници во сообраќајот, кои ќе се движат во тој период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

