Контакт

Македонија

Поткуп на гласачи, изнуда, дошол пијан да гласа – Јавното обвинителство постапува по изборните нерегуларности

Објавено пред

Во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021 година, пристигнаа голем број известувања, поднесоци и пријави за индиции за сторени изборни нерегуларности, информираат од Јавното обвинителство.

dobivaj vesti na viber

По сеопфатна анализа и проверка на наводите во доставените поднесоци и пријави, Комисијата и основните јавни обвинителства кои постапуваа по нив итно и неодложно, утврдија постоење на елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност во мал дел од добиените поднесоци и пријави. По нив се оформени предмети во соодветните основни јавни обвинителства и интензивно се прибираат материјални и вербални докази. По нивното разгледување и анализа, надлежните обвинители ќе донесат и соодетни јавнообвинителски одлуки за натамошно постапување.

Во Основното јавно обвинителство Скопје оформени се три предмети за сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето. Се води постапка против непознати сторители за пукање од огнено оружје за време на митинг на политичка партија во текот на изборната кампања. По доставено известување, обвинителството оформи предмет и издаде насоки до МВР за идентификација на сторителите.

Предмет е оформен и по доставено известување од МВР за сторено кривично дело изнуда од страна на засега непознати сторители кон лице од кандидатската листа за советници на една политичка партија за Град Скопје. На оштетениот му биле испраќани пораки, меѓу нив и порака каде се спомнува бомба. По насоки на обвинителството се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

На гласачко место во ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, лице при остварување на правото на глас, од четири ливчиња само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пултот за гласање. Осомничениот беше лишен од слобода и приведен. Обвинителството, по пристигната кривична пријава, оформи предмет против сторителот за кривично дело уништување на изборен материјал од Кривичниот законик.

На 17.10.2021 година од претседател на избирачки одбор на избирачко место во Демир Капија, пријавено е дека лице дошло во видно алкохолизирана состојба за да гласа. Лицето зад параванот го искинал едното гласачко ливче, а другото го ставил в џеб, со што постои сомневање за сторено кривично дело уништување на изборен материјал од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет по кој се постапува.

Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против едно лице за кое постои сомневање дека сторило продолжено кривично дело поткуп при избори и гласање од член 162 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот. Настанот се случил на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово, кога осомничениот бил забележан како дава пари на граѓани за да гласаат за независен кандидат. Со потврда одземена е документацијата и паричните средства кои биле пронајдени кај осомничениот. По дадени насоки на обвинителството, полициските службеници прибираат известувања од лицата кои ги примиле паричните средства во висина од по 3000 денари. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот.

Основно јавно обвинителство Кочани на 15.10.2021 година од МВР ПС Кочани прими кривична пријава против две лица за кривично дело повреда на слободата на определување на избирачите. Во период од 8.10.2021 до 15.10.2021 година, во повеќе наврати, двајцата осомничени им се заканувале на повеќе граѓани од Кочани, дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се. По пријавата е оформен предмет и издадени се насоки од јавен обвинител за натамошно постапување.

По поднесена пријава против лице за агитирање на избирачко место во с.Теранци, оформен е предмет во Основното јавно обвинителство Кочани. Јавен обвинител ги презема потребните дејствија за утврдување на фактите во предметот.

По поднесенo известување за вршење организиран превоз на гласачи до избирачко место во Кочани, во обвинителството се оформени два предмета по кои се постапува за прибирање материјални и вербални докази.

По поднесена кривична пријава во која се наведува дека лице со возило врши организиран превоз на гласачи на избирачко место и се врши влијание врз гласачи како да го остварат нивното гласачко право, во Основното јавно обвинителство Кочани оформен е предмет за кривично дело повреда на слободата на определување на избирачите. Се преземаат дејствија за утврдување на фактите.

Во кочанското обвинителство е оформен и предмет по поднесена кривична пријава во која се наведува дека носителка на советничката листа на политичка партија, заедно со уште едно лице се движеле со возило и на избирачко место во Кочани вршеле поткуп на гласачи. Постапката против осомничените се води за сторено кривично дело поткуп при избори и гласање.

Се постапува и по поднесена кривична пријава од политичка партија, во која се наведува дека во н. Оризари, во близина на избирачко место кај Дом на културата во Кочани, се вршело агитација за политичка партија, имало залепено изборни плакати од политичка партија во близина на гласачкото место и се вршело влијание врз гласачи како да го остварат нивното гласачко право. Обвинителството во Кочани оформи предмет поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело повреда на слободата на определување на избирачите.

Предмет против засега непознати лица е оформен и по добиени сознанија од политичка партија, за поголема група на лица кои стоеле пред избирачки места во Кочани, организирано носеле гласачи и вршеле агитација. По кривичната пријава е оформен предмет за сторено кривично дело повреда на слободата на определување на избирачите.

По поднесени одделни кривични пријави од политички партии во кои се наведува дека лица вршеле влијание врз гласачи како да го остварат нивното гласачко право, оформени се четири предмети против вкупно седум осомничени. За сите се води постапка во кочанското обвинителство за сторено кривично дело повреда на слободата на определување на избирачите.

Предмет за извршен поткуп е оформен во Основното јавно обвинителство Делчево по добиено известување дека на 16.10.2021 година, на Градскиот пазар во Делчево, кандидат за градоначалник од политичка партија му дал 3000 денари на едно лице заедно со брошура. Парите од лицето кое ги примило се одземени, додека брошурата не е пронајдена. Обвинителството издаде насоки за натамошно постапување.

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет против едно лице за сторено кривично дело уништување на изборен материјал од Кривичниот законик. Осомничениот на избирачко место во с. Октиси го искинал своето гласачко ливче. Обвинителството презема дејствија за расчистување на настанот.

Во гостиварското обвинителство се прибираат материјални и вербални докази во оформен предмет за сторено кривично дело повредна на тајноста на гласањето. На избирачко место во Гостивар гласач го сликал своето гласачко ливче, по што бил забележан од членовите на Избирачкиот одбор и делото било пријавено. Обвинителството издаде насоки за утврдување факти во предметот.

Тетовското обвинителство презема дејствија во врска со пријавен настан по кој е оформен предмет против едно лице за сторено кривично дело поткуп при избори и гласање. Поткупот го вршел кадидат за градоначалник со бекатон-плочки.

Комисијата за следење изборни нерегуларности во континуитет ќе ја координира работата на основите јавни обвинителства сè до завршување на изборниот процес за локалните избори, соопштуваат од таму.

Македонија

Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи, од кои пет лица за возење под дејство на алкохол, на територија на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

-Исто така, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци. Еден возач е лишен од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа во Скопје. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, посочува МВР.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бегај пречекан со високи почести во Гостивар, Валбон Лимани му го додели „Клучот на градот“

Објавено пред

На свечена церемонија со високи почести, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, вчера оствари официјална средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

dobivaj vesti na viber

Во просториите на Општина Гостивар, во присуство на пратеници од регионот, општински советници, претставници на верските заедници и истакнати личности од градот, градоначалникот Лимани му го врачи на претседателот Бегај „Клучот на градот“ – највисокото признание што го доделува Општина Гостивар на личности со посебен придонес и значење.

Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Лимани ја оцени посетата како момент со посебна политичка и емоционална тежина за градот, истакнувајќи ја симболиката што ја носи присуството на Претседателот на Албанија во град претежно населен со Албанци.

„Посебна чест е што на почетокот на мојот мандат како градоначалник на Општина Гостивар, да му кажам во ваше и во мое лично име: Добредојдовте во Гостивар, Претседателе на Република Албанија. Вашето доаѓање има посебна симболика за нас“, изјави Лимани.

Тој ја оцени улогата на претседателот Бегај во достоинственото претставување на Албанија и на Албанците ширум светот, особено во време на предизвици и значајни геополитички случувања, нагласувајќи дека неговото лидерство внесува смиреност, сигурност и национална гордост.

Во образложението за доделувањето на признанието се наведува: „На Претседателот на Република Албанија, г. Бајрам Бегај, за достоинственото и мудро застапување на сите Албанци и пошироко, низ целиот свет.“

Врачувајќи го симболичниот клуч на градот, градоначалникот Лимани истакна дека со овој чин за претседателот Бегај отворени се сите врати во Гостивар, оценувајќи го овој момент како еден од најзначајните настани во неговиот мандат.

Посетата на претседателот Бегај во Гостивар беше оценета како потврда за силните врски меѓу Албанците и важен чекор кон продлабочување на соработката и националното единство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче за Груби: Сè е договорено

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, посочи дека случајот со враќањето на Артан Груби и одлуката за куќен притвор се јасен показател дека постои политички договор и директно влијание врз судството и обвинителството од страна на власта.

dobivaj vesti na viber

„Еве ги прашањата за Артан Груби. Ние ги поставуваме од моментот кога дојде. Еве и сега ги поставувам. Како е можно на тој начин да се врати бегалец од правдата, да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор? Сте слушнале ли одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не. Ниту ќе слушнете. Поради тоа што има договор. Тоа е вистината. На кое прашање до премиерот вие сте слушнале конкретен одговор? Сè е дефокус и сè е бегање од темата. На прашањето коешто јас го поставив – кој е Душан Адамовиќ, новопоставениот конзул на Македонија во Србија – премиерот не одговори. Избегна да одговори затоа што одговорот не му одговара. Секогаш е дефокус – Харис Џиновиќ, Дубаи, плажа. Тоа одговара премиерот. Недоличен речник и начин на коментирање на човек што ја води Владата и државата.“ рече Филипче.

Тој потенцираше дека ваквиот развој на настаните не може да се случи без политичка координација и контрола врз институциите.

„Такви политички договори во коишто судството и обвинителството се послушници никому не носат добро. Уште премиерот фалеше дека ќе го пречека Артан Груби на граница“, нагласи Филипче.

Додаде дека наместо институциите да функционираат независно и согласно законите, јавноста сведочи на координирани чекори – од медиумското покривање на враќањето, до експресното определување куќен притвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија3 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет5 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет6 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет11 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет15 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет15 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет15 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет16 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет16 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет16 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија17 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет17 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет17 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет20 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија22 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет22 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет1 ден

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет1 ден

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...