Македонија
Османи-Вахл: Претседавaњето со ОБСЕ во 2023 година ќе биде тешка и предизвикувачка задача
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска го прими новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадор Килиjан Вахл.
Османи изрази задоволство од назначувањето на амбасадорот Вахл за шеф на Мисијата на ОБСЕ, како експерт со практично искуство во прашањата за Југоисточна Европа и Западен Балкан, воедно, нагласи и дека го цениме фактот што доаѓа од Германија, земја постојан поддржувач на Северна Македонија и истакнат геополитички актер и важна земја учесничка на ОБСЕ.
Соговорниците се осврнаа на претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ 2023, при што Вахл упати отворена поддршка во текот на претседавањето, особено напомнувајќи дека претседавањето со ОБСЕ во 2023 година ќе биде тешка и предизвикувачка задача, пред сè поради отворената агресија на земја учесничка и другите актуелни случувања во регионот на ОБСЕ.
Османи истакна дека наша цел е засилен допир и интеракција со теренските мисии на ОБСЕ, со цел воспоставување синергија помеѓу приоритетите на Претседавањето и оние на теренските мисии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

