Македонија
Османи во Анталија: Регионот е ранлив, време е за брза и одлучна акција на Европската Унија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на Анталија дипломатскиот форум, во Република Турција, каде имаше обраќање на панелот насловен „Предизвици и можности на Балканот“, посветен на последните геополитички случувања на Балканот, специфичните предизвици и можните решенија за гарантирана стабилност и мир во регионот.
Османи осврнувајќи се на состојбите во Регионот подвлече дека истиот и натаму продолжува да е ранлив со сложени прашања и дека креираните фрустрации во регионот многу лесно се канализираат и се употребуваат од трети актери, а тие фрустрации не се фиктивни туку многу реални и базирани на долгото чекање да се овозможи најонсовното право за реформи и прогрес кој би следел со отварање на поглавјата за земјите од Западен Балкан.
„Време е за брза и одлучна акција. Тоа што очекува Балканот е преземање на храбри чекори и зацртување на јасен пат за идното проширување и среднорочна визија за нашиот регион за постигнување на крајната цел – полноправно членство на земјите од Западен Балкан во Унијата” рече Османи, додавајќи дека мора да се најде поинаков пристап со овозможување со мнозинство гласови Европската Комисија да одлучи за отварањето на поглавјата со што ќе се поттикне реформскиот процес за земјите кои пристапуваат кон ЕУ а ананимното гласање да се употребува за затворање на поглавјата.
Османи истакна дека Планот за раст е многу добар чекор во оваа насока, отворајќи ја вратата за зголемена финансиска помош и прогресивна интеграција заснована на заслуги, но Европската комисија мора да настојува на неговото усвојување бидејќи ако не успее тогаш тоа ќе предизвика големо разочарување и дополнително ќе придонесе кон губење на кредибилитот на Унијата.
На панелот Османи потсети дека “минатата година го воведовме концептот “повеќе интеграција пред членство”, кој целосно соодветствува со Планот за раст, а со кој се предлагаат различни модалитети за постепена интеграција и зголемено вклучување на земјата во евроинтегративниот процес притоа носејќи придобивки во процесот на пристапување кон ЕУ”.
Ова трето издание на Анталија дипломатскиот форум, оваа година се оддржува на тема „Водечката улога на дипломатијата во турбулентни времиња“. Учесници се високи функционери, политички лидери, академци, претставници на медиумите, бизнис заедницата и креатори на јавното мислење од целиот свет кои ја користат оваа платформа како одлична можност за дискусија и пренесување на нивните ставови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

