Македонија
Османи во Виена ќе се обрати на првата конференција за климатски промени во организација на ОБСЕ
Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе престојува во работна посета на Виена, Австрија, во седиштето на ОБСЕ.
Во рамките на посетата Османи ќе има обраќање на првата конференција за климатски промени во организација на ОБСЕ. Претседавачот ќе биде дел и од панел-дискусијата со наслов „Премостување на националната и глобална акција – Регионална соработка за справување со климатските промени“.
Покрај тоа, Османи во Виена ќе оствари и многубројни билатерални средби, меѓу кои со министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, со Американскиот специјален претставник за клима и поранешен државен секретар на САД, Џон Кери, и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак.
Османи во Виена ќе учествува и на настан по повод 30-годишнината од основањето на Високиот комесаријат за национални малцинства на ОБСЕ – „Научени лекции и потенцијални предизвици – Градење долгорочна социјална кохезија во Југоисточна Европа“.
Климатските промени и справување со предизвиците по безбедноста предизвикани од нив, како и градењето доверба, се дел од клучните приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

