Македонија
Османи во Лоѓ на средба со Нуланд: Тесна координација со САД за време на претседавањето со ОБСЕ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се сретна со Викторија Нуланд, потсекретар за политички прашања во Стејт департментот, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ.
Османи и Нуланд разговора за одличните билатералните односи меѓу Северна Македонија и САД, кои постојано се збогатуваат, а особено се осврнаа на првите конкретни резултати од неодамнешното одржување на стратешкиот дијалог меѓу двете земји.
Во фокус на разговорите беа и соработката и сојузништвото во рамките на мултилатералните организации, како што се НАТО и ОБСЕ, а под лупа на новите светски тешкотии предизвикани од руската непровоцирана агресија врз Украина.
Во ОБСЕ-контекст Османи ја брифира Нуланд за приоритетите на идното претседавање, при што нагласи дека, покрај војната во Украина, како приоритет број еден, особено внимание ќе им се посвети и на другите кризни региони зајакнувајќи ги дополнително мировните ОБСЕ-мисии на терен.
„ОБСЕ може да помогне во изнаоѓањето на потребните решенија, со цел смирување на тензиите, зајакнување на предвидливоста, обновување на каналите на комуникација и дијалогот. Сите страни мора да го признаат и целосно да го искористат потенцијалот на оваа платформа“, истакна Османи.
Османи, меѓу другото, најави тесна координација со САД, како и со сите други земји учесници на ОБСЕ, при реализација на активностите в година, со цел да им се излезе во пресрет на најранливите категории.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

