Македонија
Османи во Маракеш на состанок на Коалицијата за борба против ИСИС

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре и задутре ќе учествува на редовниот министерски состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС, кој се ко-организира од Мароко и САД и ќе се одржи во Маракеш, Мароко.
Министерот Османи ќе учествува на панел-дискусија, со главен акцент на состојбата во Авганистан, каде ќе ја потенцираaт потребата од заеднички одговор на предизвиците кои произлегуваат од ситуацијата во таа земја, но и од другите кризни жаришта во светот. Северна Македонија уште пред членството во НАТО, од 2002 година, активно придонесуваше за зачувување на мирот во тој регион.
На маргините на состанокот, Османи ќе оствари низа билатерални средби со своите хомолози од Мароко, Насер Бурита; Франција, Жан-Ив Ле Дриан; Кувајт, Шеик Др. Ахмед Насер Ал-Мохамед Ал-Сабах; Холандија, Вопке Хоекстра, како и со потсекретарот за политички прашања на САД, Викториjа Нуланд.
Како претседавач со ОБСЕ Групата на Медитерански партнери за соработка, средбата со мароканскиот министер Бурита ќе се искористи и за размeна на мислења во однос на соработката во тој формат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.