Македонија
Османи ги прими копиите од акредитивите на новоименуваната амбасадорка Филипиду

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Софија Филипиду.
Посакувајќи ѝ добредојде и успех во вршењето на функцијата, Османи ја пренесе убеденоста дека позитивната динамика во односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжи и за време на нејзиниот мандат.
На средбата беа потврдени блиските односи и плодната трговска размена меѓу двете држави, подготвеноста за активна и отворена соработка во насока на натамошно унапредување на севкупната билатерална соработка, како и важноста на целосна имплементација на договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји – преспанскиот договор, кој отвори ново поглавје во односите меѓу Северна Македонија и Грција.
Министерот Османи изрази благодарност за цврстата поддршка на Грција за евроинтегративниот пат на Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.