Македонија
Османи: Достојно ја претставуваме земјата во НАТО, со целосен технички и кадровски капацитет
По повод одбележувањето на годишнината од зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО, Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги собра на тематски работен состанок шефовите на ДКП-та на Република Северна Македонија акредитирани во Земјите членки на ЕУ и постојаните претставништва во ЕУ и НАТО.
„ Достојно и на ниво на задачата ја претставуваме земјата во НАТО, со целосен технички и кадровски капацитет во нашата мисија, онака како што доликува на една земја – членка на Алијансата. Токму овој јубилеј беше една од причините зошто денес ги повикав Шефовите на Дипломатско конзуларните претставништва на нашата земја, акредитирани во земјите членки на ЕУ. Денес со нашите амбасадори не само што ќе ја одбележиме годишнината, туку и суштински ќе го анализираме досега сработеното; ќе направиме рекапитулар, или еден вид пресек на нашето членство во НАТО, и секако, ќе ги определиме и насоките за идното наше дипломатско делување како полноправна членка на Алијансата“, истакна Османи.
Во однос на европските перспективи на земјата, Османи посочи:
„ Секако дека високо на Агендата на овој наш тематски состанок ќе биде и европското досие на земјава. Очекувам да добијам прецизни информации за политичките состојби и ставовите на земјите-членки на ЕУ во кои Амбасадорите се акредитирани. Околностите се такви што во следни два месеци ни се отвора прозорец на можности кој води до јунските самити на ЕУ. Тоа се неполни три месеци, период во кој очекуваме засилена дипломатска активност и од страна на европската администрација, но и од самите земји – членки на Унијата, а во насока на заокружување на нашето европско досие и почеток на преговорите“.
Во попладневните часови на тематскиот работен состанок ќе се одржат и посебни сесии со Претседателот, Стево Пендаровски, Премиерот, Зоран Заев и Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари ама со променет статус во „економски работници“
„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските медиуми потврда за тоа. По моделот на Вучиќ со литиумот во Србија ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со иста техника сакаат да го спроведат проектот мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
„Пакетот содржи и договор за кредит. Во државата нема пари, нема за пензии, плати, социјална помош, породилно, нема за поврат на ДДВ…моментално дупката е 1 милијадра евра.
Мигранти за пари во Македонија ама во јуни, после избори, тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ. А што друго содржи тој план, најави Милошовски вчера во интревју на една наша национална Телевизија. Странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти, вели Милошоски.
Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој.
Исто така и Мицкоски пред некој ден рече „нелегални“ мигранти, па да, затоа што овие ќе бидат „легални“.
На овој начин ќе ги претстават мигрантите за кои веќе се договориле. ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти.
Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата. Одбраната на Македонија започна! Нема да ви дозволиме! Борбата продолжува!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

