Македонија
Османи: Иницијатива 8 треба да прерасне во ново партнерство, кое ќе понуди стратешки подлабока и позначајна соработка со ЕУ
Денешниот прв министерски состанок го означува почетокот на Иницијативата 8, која, покрај транспортна и енергетска поврзаност по должината на Коридорот 8, ќе послужи и како политичка платформа што ќе обезбеди унапредување на меѓусебната соработка и интензивирање на политичката, економската, безбедносната, културната и на социјалната размена помеѓу Северна Македонија, Италија, Бугарија и Албанија.
Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес-конференција во Бриндизи, Италија, на која заедно со министрите за надворешни работи на земјите кои се дел од оваа соработка, Антонио Тајани, Марија Габриел и Олта Џачка, беа претставени главните контури на оваа иницијатива.
„Блиската соработка со две земји членки на Европската Унија, Италија и Бугарија, има големо значење за нас и за Албанија како земји кандидати бидејќи ќе има позитивни импликации. Оваа иницијатива е и во насока на она за што се залагаме како земја, повеќе интеграција пред членство, односно вклучување на земјите кандидатки во соодветните политики и иницијативи на ЕУ, што ќе им овозможи на граѓаните искористување на придобивките од пристапувањето во текот на целиот процес, а не само по неговото завршување“, рече Османи.
Оваа заедничка иницијатива, вели тој, треба да прерасне во еден нов сојуз во регионот, кој ќе понуди стратешки подлабока и позначајна соработка на земјите преку промоција на европските вредности, севкупна европеизација на целиот регион и воспоставување трајно разбирање, доверба меѓу нашите народи, политичка соработка и економска раст.
„Северна Македонија може да одигра клучна улога во подобрувањето на физичката поврзаност во регионот што ги поврзува западот и истокот. Заедничката работа на нашите влади може да овозможи многу набргу да имаме транспортен коридор преку кој ќе биде возможно за 10 часа да се стигне од пристаниште во Италија на Јадранското Море до пристаниште во Бугарија на Црното Море. Сега тоа време изнесува 25 часа“, рече Османи.
Инаку, министерот Османи, Иницијативата 8 ја иницира на почетокот на 2021 година како идеја за нова, мултидисциплинарна платформа помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија, преку која би се интензивирала и продлабочила меѓусебната соработка како стратешки интерес за државите што се дел од иницијативата.
Покрај тоа, Османи во Бриндизи ги претстави и најновите инфраструктурни проекти во Северна Македонија по должината на Коридорот 8 на трансевропската транспортна мрежа кон Бугарија и Албанија, како и паралелното развивање на инфраструктурата по должината на Коридорот 10, проекти што може да послужат како катализатор за регионалната соработка и напорите за интеграција.
Министрите за надворешни работи се договорија дека ќе одржуваат редовни состаноци и истовремено ќе работат на зајакнување на соработката не само помеѓу владите туку и помеѓу градовите во кои минува Коридорот 8. Во иницијативата ќе бидат вклучени и бизнис- и граѓанскиот сектор како еден од главните фактори за спроведување успешна соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава
Новиот Закон за високото образование не дискриминира. Тој бара меритократија, модуларност, повеќе практична настава, интернационализација и поголема соработка, поголема видливост на универзитетите и професорите, фокус на стручни студии и усовршување на вештини што досега ги немало во земјата, интензивирање на учеството на бизнис заедницата во дизајнот на студиските програми и нивна евалуација за адаптација на потребите на пазарот на труд. Законот се базира на политиките на оваа Влада за јавниот интерес на сите граѓани и на оваа држава. Крајно време и е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава. Универзитетот нема задача само да направи добар стручњак, тој треба да направи одговорна морална личност. За да може тоа да го направи, квалитетот на високото образование треба да се зголеми. Имаме консензус во државата по ова прашање.
Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната собраниска седница, во одговор на пратеничко прашање, појаснувајќи дека условот за објавување на трудови во двете реномирани бази на научни списанија, Web of science и Scopus, бидејќи се однесува на сите универзитети, не дискриминира никого.
Јаневска рече дека в петок ќе се состане работната група за Законот за високото образование и ќе одлучи за дел од забелешките што беа дадени во текот на јавната расправа, а дел од предлозите се веќе имплементирани.
Во врска со укажувањата поврзани со автономијата на универзитетот, министерката одговори дека не се задира во неа, а дека проблем за дел од професорите е што со новиот закон ќе треба да профункционира Советот на универзитетите.
„Советот постоел и во претходниот закон, но не бил формиран, затоа што постоеле луѓе кои се плашеле да го формираат. Тоа е орган или тело, ќе се договориме како ќе се вика, чија главната улога е отчетност, да види што и како работат универзитетите. Не може универзитетите да се надвор од правниот систем. Советот бара отчетност како се трошат јавните парите, како функционира универзитетот, дали го исполнил својот план што тие сами ќе го предложат“, рече Јаневска.
За правото на министерот да запре одлука на Сенатот ако утврди дека некој акт на универзитетот е противзаконски, рече дека е со точно пропишани услови, но дека дополнително побарала од правниците, професори по право да го дефинираат овој член и предлогот да го достават до МОН.
Македонија
Мицкоски нема одговор на прашањето кој е Адамовиќ, повторно Харис Џиновиќ и Дубаи, велат од СДСМ
Денеска, во Собранието, граѓаните имаа можност да го видат видно изнервираниот Христијан Мицкоски на говорница, истакнуваат од СДСМ.
„Покажа голема нервоза а немаше одговори на прашањата од претседателот Филипче. Нема одговор Кој е Душан Адамовиќ? Како е избран за почесен конзул на Македонија во соседна Србија и кои критериуми се испочитувани? На неговиот Твитер-профил видовме дека за Македонија вели „Српска Македонија“ била окупирана? Дали со тоа го исполнил критериумот за „докажан пријател“ на нашата држава? Имајќи предвид дека неговиот автомобил му беше дигнат во воздух, а потоа му беше и пукано во нозете, дали АНБ направило проверка“.
Од опозициската партија додаваат, како член на навивачка група, не делува дека може од МВР да добие потврда дека немал кривични пријави или судски постапки.
„Кое професионално делување има, освен што е високо позициониран во вашата сестринска партија СНС? Покрај бројните афери со кои се поврзува, непостоечка биографија и отсуство на каков било бизнис освен политиката. Адамовиќ се фали со свои контакти и врски во Русија. Дали е тоа исполнет критериум? Како држава членка на НАТО, дали Македонија има потреба од човек кој има врски со Москва, особено сега кога Русија е под санкции од целата Европска Унија“.
Заклучкот, како што велат е јасен. Очигледно , според нив, дека именуваниот Душан Адамовиќ не ги исполнува клучните критериуми за да биде поставен за почесен конзул.
„Со оглед дека во вторник во Македонија доаѓа генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, што ќе каже Мицкоски за Стоиљковиќ и „Ноќните волци“, или за тоа дека Владата дала одлука за почесен конзул на човек кој на социјалните мрежи се фали со своите контакти во Москва?
Мицкоски треба да одговори каков однос има со Душан Адамовиќ и зошто е избран за конзул?
Македонија
Хоџа-Касами: силен инвестициски фокус на животната средина во Тетово
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа работен состанок со градоначалникот на Тетово, Билал Касами.
Во фокусот на разговорите беа инвестициите кои Министерството ги реализира во Тетово, вклучувајќи ја реконструкцијата на главниот водовод од Попова Шапка до градот, проширувањето на примарната мрежа во населбата „Вонвардарска“ и изградбата на колектори за атмосферска канализација во Фалише и Дарданија, проекти кои се во различни фази на реализација.
На средвата беа разгледани проектите финансирани од Европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој, вклучувајќи ја втората фаза на реконструкција на водоводот и изградбата на Станицата за трансфер на отпад во Тетово, како и тековните IPA проекти.
Соговорниците се обврзаа на тесна институционална соработка за ефикасна реализација на проектите и одржливо подобрување на условите за живот на граѓаните на Тетово.

