Македонија
Османи: И членките и кандидатите за ЕУ имаат заедничка обврска да создадат побезбедна и постабилна Европа
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој престојува во работна посета на Република Португалија, се сретна со претседателката на Комисијата за европски прашања во рамки на Парламентот на Република Португалија, Регина Бастос.
На средбата беа отворени темите за поддршката од страна на Португалија за европските интеграции на Република Северна Македонија, за билатералната соработка меѓу парламентите на двете земји, како и темите поврзани со европските предизвици, како што се брегзит, влијанието на лажните вести, пробивот на радикалниот популизам, национализмот, итн.
„Сведоци сме на веројатно најтурбулентниот период за европскиот континент од Втората светска војна па наваму. Европските избори се одвиваат обремените со предизвиците што ги наметнува процесотбБрегзит, притоа континентот е сè уште под влијанијата на напливот на популизмот, радикализмот и екстремизмот, а сè уште се актуелни и современите хибридните закани “- истакна Османи. Во оваа насока соговорниците заеднички нагласија дека и земјите членки и земјите кандидати за членство во ЕУ имаат заедничка обврска во создавањето побезбедна, постабилна и просперитетна Европа, при што Османи потенцираше дека Република Северна Македонија претставува стабилен партнер на ЕУ на Балканот.
За време на разговорот Османи ја информираше Бастос и за имплементираните реформи, за постигнатите резултати, начинот на кој институциите се адаптираат на реформите, претстојните избори, како и за останатите процеси во однос на европската интеграција на нашата земја.
Двајцата се согласија дека билатералната соработка меѓу двете земји треба да се прошири и помеѓу двата парламента, а во насока на полесно споделување на искуството на колегите од Португалија, при што изразија заедничко задоволство од формирањето на групата за соработка со Португалија во нашиот парламент.
„Националните парламенти играат многу важна улога во хармонизацијата на законодавствата и нивното усогласување со европското законодавство ‘АКИ’. Во оваа насока очекувам засилена активности во претстојниот период, во насока на меѓусебна соработка меѓу двата законодавни дома, преку веќе формираната група за соработка со Португалија, како и преку искористување на португалското искуство во овој процес“- додаде Османи. Во овој контекст заеднички беше констатирано дека улогата на националните парламенти и Европскиот парламент е од клучно значење за процесот на проширување и за новите политички реформи на ЕУ.
Во рамките на повеќедневната работна посета на Португалија вицепремиерот Османи ќе оствари средба и со министерот за надворешни работи на Република Португалија, Аугусто Сантос Силва, а в недела (7 април) ќе учествува на Годишниот Хорасис глобален состанок (Horasis Global Meeting), кој е еден од водечките светски собири за бизнис на политички лидери каде оваа година дискусиите ќе се фокусираат околу темата „Катализирање на придобивките од глобализацијата”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

