Македонија
Османи како претседавач со ОБСЕ да иницира признавање на Ерусалим за главен град на Израел, бара Македонскиот концепт

Партијата Македонски концепт бара од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како претседавач на ОБСЕ, да иницира признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Ова барање, како што велат од партијата, следува по последното симптоматично и проџихадистичко однесување на Османи, кој одби да ги именува нападите на Хамас врз Израел како терористички од терористичка организација.
„Првиот чекор да го направи како МНР на Македонија и да го следи примерот на САД, на кои толку многу се повикува и претставува во нивно име. Тој билатерален акт оди во интерес на македонската кауза, има историски и актуелни оправдувања, за што ќе ја има поддршката и од нашата партија.
Во очекување на првиот чекор на „прозападниот и проамерикански“ министер Османи во таа насока силно го охрабруваме и му даваме соодветна препорака“, соопштија од Македонскиот концепт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.