Македонија
Османи на министерски состанок во рамките на Берлинскиот процес во Тирана

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, чиј домаќин годинава е министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.
На состанокот се очекува да се разговара за постигнувањата во рамките на Берлинскиот процес и влијанието на оваа клучна иницијатива врз регионалната соработка, нејзината важност во заокружувањето на европската интеграција, како и билатералните односи.
На маргините на состанокот во Тирана министерот Османи ќе има билатерални средби со свои хомолози од регионот и пошироко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Уникатното охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за наутика во Белград

Охридски „Зелен Град“ го претстави уникатното Охридско кајче со фотоволтаични панели и електичен мотор на Меѓународниот саем за Наутика во Белград
ЕКО Здружението „Зелен Град” од Охрид имаше забележително учество на Меѓународниот саем за Наутика во Белград, Република Србија.
Се претставија со единствениот и уникатен експонат на саемот, традиционалното Охридско кајче на кое беа поставени фотоволтаични панели и иновативен електичен мотор.
– Бродскиот мотор е создаден со примена на напредната технологија на комбинирани намотки „Славјанка“. Се карактеризира со голема моќност, што му овозможува да го движи кајчето без поголеми проблеми, со користење на енергија од фотоволтаичните панели, информираат од „Зелен Град“.
На саемот за Наутика беа прикажани јахти, глисери, катамарани и мотори од најголемите светски произ
– Меѓу нив нашето кајче беше единствено со поставени фотоволтаични панели, со електро мотор и изработено од еколошки материјал – дрво и метал. Се планира да се направат уште неколку тестови со фотоволтаичните панели на Охридското Езеро и со тоа да се иницира транзиција на водениот транспорт до еколошки извори на енергија, за зачувување на чистотата на водата, флората и фауната на езерото, потенцираат од „Зелен град“.
Македонија
Одбележани 24 години од загинувањето на бранителите кај Вејце

Осуммина припадници на специјалната единица на МВР, од кои четворица битолчани, на денешен ден пред 24 години, загинаа во масакрот кај селото Вејце во конфликтот во 2001 година.
Во нивна чест пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола, споменикот „Ангел“ кај Саат-кулата и споменикот на Бошко Најдовски во Долно Оризари, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претседателката на Советот, Габриела Илиевска, со претставници на Советот на Општината, полицијата, семејствата на загинатите, политичките партии и граѓаните.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека Битола секогаш ќе се сеќава на Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, со должна почит за прерано загубените млади животи и болката што остана во нивните семејства.
„Денес, им оддаваме почит на нашите битолчани, четворицата херои што го дадоа животот бранејќи ја татковината во Вејце. Да укажеме уште еднаш дека опомена за нас, за сите генерации, за помладите, е тоа дека она што се случило никогаш повеќе да не се повтори затоа што само единството, разбирањето, меѓусебната почит и разговорот може да нè доведат до просперитет на оваа држава и овој град. Слава на хероите, слава на јунаците, слава на бранителите на нашата таковина!“, рече градоначалникот Тони Коњановски.
Македонија
Универзитетското собрание го поддржува протестниот „Марш за ангелите“ за трагедијата во Кочани

Универзитетското студентско собрание на УКИМ ја дава својата јавна поддршка на протестниот марш „Марш за ангелите“, кој ќе се одржи утре, 29 април 2025 година, во Скопје, во организација на семејствата настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Според најавата, протестот ќе почне пред Обвинителството во Скопје во 12:05 часот – време кое симболично ја означува задоцнетата реакција – и ќе продолжи кон Градскиот плоштад, а потоа пред Собранието.
„Како Универзитетското студентско собрание на УКИМ, сметаме дека е наша обврска, пред сè како граѓани, а потоа и како студентска заедница, да застанеме во знак на сочувство и поддршка кон оние кои претрпеа голема загуба и заедно да повикаме на одговорност и правда. Го поддржуваме барањето за јасни одговори и за итно преземање на одговорност од страна на институциите“, велат од студентското собрание на УКИМ.
Ги повикуваат сите студенти, како и целата јавност, да се приклучат.