Македонија
Османи на прва посета на теренската мисија на ОБСЕ во Скопје
Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, денеска ќе ја оствари својата прва посета на теренска мисија во својство на претседавач, со посета на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, при што ќе ги разгледа и разговара за проектите што Мисијата на ОБСЕ ги имплементира во рамките на својот мандат.
Османи во мисијата ќе има интерактивен разговор со членовите и со шефот на мисијата, амбасадорот Килијан Вал.
Исто така, Османи ќе го посети полицискиот центар во Ѓорче Петров и ќе разговара со корисниците на обука во рамките на програмите на Мисијата на ОБСЕ, каде што заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ќе присуствува на показна вежба на припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и единицата „К9“.
Во текот на денот на агенда на претседавачот е посетата и на теренската канцеларија на ОБСЕ во Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

