Македонија
Османи на традиционалната трансатлантска вечера на покана од Блинкен: помошта за Украина е наш приоритет
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на покана од државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, учествуваше на традиционалната трансатлантска вечера, што се одржа во рамките на 78. Генерално собрание на ОН во Њујорк. На настанот учествуваа и министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО, како и генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг.
Во фокусот на разговорите беа актуелните предизвици со кои се соочува трансатлантската заедница, особено во контекст на последиците од руската воена агресија врз Украина, која го поткопа меѓународниот правен поредок заснован на правила и предизвика зголемена нестабилност во соседството на алијансата. Воедно, стана збор и за приоритетите за дејствување во трансатлантските односи и значајните одлуки донесени на самитот во Вилнус за иднината на НАТО.
Во своето обраќање Османи ја реафирмира нашата целосна поддршка за Украина и истакна дека обезбедувањето практична помош, сѐ додека е потребна, останува наш приоритет. Дополнително, истакна дека нашата безусловна поддршка за украинскиот народ уште еднаш беше потенцирана со усвојување на заедничката изјава за поддршка на Украина од страна на земјите членки на А5 на вчерашниот состанок, што се одржа во рамките на нашето претседавање со САД – Јадранската повелба.
Османи се осврна и на актуелните состојби во нашиот регион и потребата од интегрирање на земјите од Западен Балкан во евро-атлантските структури како значаен влог во регионалната и европската стабилност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нестабилно време со дожд и грмежи до среда
По врнежите и невремето по кое во текот на ноќта полавени беа подруми во Охрид, од УХМР најавуваат дека до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.
Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.
Температурите ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја
Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на патот кон Визбеговово општина Карпош, а од 13:00 до 14:30 часот објектите на градинката Росица, на ул.„Мечкин Камен“, бр.45А. во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Скопските и тетовските пожарникари гасеа три огнови на отворено, соопшти ЦУК
Во изминатото деноноќие Центарот за управување со кризи информира дека биле евидентирани три пожари на отворено.
Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.
Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.
Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1.491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.