Македонија
(Видео) Османи: Не правевме притисок врз судството обвинетите за „Монструм“ да се бранат од слобода
Вицепремиерот Бујар Османи од ДУИ на рочиштето за „Монструм“ рече дека се сретнал со семејството на Хаки Азири, кој беше заштитен сведок, а сега е обвинет во постапката.
„По настанот и акцијата, имаше свикано претседателство во партијата. Таму се разговараше и се донесоа одредени ставови, кои јас требаше да ги пренесам во јавноста. Во интервју на национална телевизија требаше да ги кажам ставовите. Истиот ден или наредниот на национална телевизија, додека бев во операциона сала, имаше писмо на еден од обвинетите – Хаки Азири, во кое стоеше: ‘Нека каже Бујар Османи каде е мојот син?’ Ми беше важно да кажам дека не знам каде е. Преку луѓе, кои се соседи, побарав да се сретнам со нив за да им ги пренесам ставовите. Имавме состанок, бев пријателски примен. Ова беше единствен контакт со семејствата на обвинетите“, рече Османи на судењето.
По рочиштето, Османи рече дека нетранспарентноста при судењето на „Монструм“ довело до тоа ДУИ да бара повторување на постапката.
„Првото судење, поради чувството на нетранспарентност, доведе до недоверба во целиот судски процес. Добро е да се види повторен, транспарентен судски процес, каде што сите зборови се следат од јавноста, каде што овој процес се деполитизира, декриминализира и каде што граѓаните би верувале во овој судски процес. Денес, јас бев сведок, а во минатото гласноговорник на ДУИ“, рече Османи по судењето.
Според вицепремиерот и сведок во „Монструм“, ДУИ не правела притисок врз судството за обвинетите да се бранат од слобода.
„Мислам дека беше многу важно да се повтори судењето на овој случај бидејќи граѓаните не веруваа. Ние не сме правеле притисок врз судството“, рече Османи одговарајќи дали правеле притисок како ДУИ обвинетите во „Монструм“ да се бранат од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Досега подигнати се над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска исткна дека се подигнати над 45 илјади ваучери од 15.300 денари за студентите на додипломски студии за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер. Посочи дека искористеноста е околу 99 проценти.
За ваучер од 250 евра од ноември до декември можеа да аплицираат студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.
– Отприлика 45.000 – 45.600 ваучери се подигнати, а околу 99 проценти и повеќе се искористени. Околу 44.5 илјади се искористени. Како Влада изминативе 20-ина месеци сме ги регулирале сите односи со сите структури од општеството на кои Владата треба да им излезе во пресрет – на студентите им се покачени стипендиите, се реновираат студентските домови и ученичките домови, се обезбедуваат 15.300 денари за електронски уреди. Дали тоа е доволно? Не. Можеби треба повеќе, но толку можеме во моментов. Порано ни тоа не било. За сите, без да ограничиме дали се студенти на државни или на приватни универзитети. Пораснаа пензиите линеарно, сега во април 7 илјади денари, нешто што досега не било овозможено, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово.
Премиерот нагласи дека комуникацијата на Владата со сите целни групи е на високо ниво и досега, рече, немало толку голема испорака од ниту една Влада,
-Буквално со сите целни групи со кои Владата комуницира и со кои држи релација, навистина имаме односи кои никогаш порано не биле на толку високо ниво и немало толку голема испорака со ниту една Влада. Оваа Влада тоа го направи за само 20 месеци. Дали е доволно? Не. Треба повеќе? Треба. Се сложувам, секогаш треба повеќе. Но, дали е подобро од порано? Можам да кажам дека неколку пати е подобро, рече Мицкоски.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.

