Македонија
Османи- Реинсалу: Разменето мислење за продлабочување на сојузништвото во НАТО

На маргините на 77. Генерално собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Бујар Османи, оствари средба со својот колега од Република Естонија, Урмас Реинсалy.
Во светло на промените во европската безбедност и севкупните последици предизвикани од руската агресија врз Украина, соговорниците разменија мислења за продлабочување на сојузништвото во рамките на НАТО и зајакнувањето на Источното крило на алијансата. Воедно, министерот Османи кратко го брифираше својот хомолог за отпочнатите преговори со Европската Унија и идните чекори, апострофирајќи ја високата подготвеност на земјата за успешен и брз преговарачки процес.
На средбата беше изразено задоволство од динамизираниот тренд на билатералните односи меѓу двете земји и беа реафирмирани заложбите во претстојниот период да продолжи развојот на соработката во сите сфери од заеднички интерес.
Османи ја подвлече важноста и потребата за користење на естонското искуство, особено во сферата на дигитализација за нашето општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.