Македонија
Османи: Русија остварува влијание преку незадоволството, а нема понудено алтернатива за Западен Балкан
																								
												
												
											Граѓаните знаат дека нема алтернатива, освен членство во ЕУ, порача министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи. Тој ѝ се заблагодари на Германија што не дозволува процесот за зачленување во ЕУ да стане билатерален. Смета дека со билатерализацијата „се оштетува атрактивноста за членство во ЕУ“.
„Влијанието на Русија во регионот е можна закана за мирот и стабилноста, помирувањето во регионот, Русија никогаш нема понудено алтернатива на Западен Балкан. Начинот на кој се обидува да го оствари своето влијание е преку бесперспективност и одржувајќи ги живи замрзнатите конфликти овде. И, се разбира, киднапирајќи го незадоволството на луѓето од тешкиот европски процес, трансформирајќи го тоа незадоволство како антиевропско“, рече Османи.
Тој додаде дека важно е враќањето на кредибилитетот.
„Првата работа е враќање на кредибилитетот дека процесот е сериозен. Никогаш не сум бил со повеќе самодоверба во кредибилитетот на овој процес од сега слушајќи ги речениците на министерката од Германија. Германија прва реагира да не се билатерализира процесот“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

