Македонија
Османи: Северна Македонија е институционално поврзана со ЕУ и е внатрешно прашање на Унијата

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, учествуваше на одбележувањето на Денот на осигурувањето и десет години од формирањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.
„Осигурителниот сектор е еден од поголемите и позначајните сегменти на финансискиот сектор во Република Северна Македонија, за кој веќе е воспоставена солидна законска и институционална рамка и соодветно е транспонирано релевантното право на Европската Унија кое постојано се надградува“ – истакна Османи пред присутните при што потенцираше дека доказ за континуираниот напредок во усогласување на осигурителен пазар во Република Северна Македонија со европските стандарди се извештаите на Европската комисија во кои јасно се препознаваат спроведените реформски активности.
„Напредокот во оваа област, како и досегашната усогласеност, не е изолиран случај, бидејќи практично во сите области Република Северна Македонија континуирано се усогласува со ЕУ и институционално се поврзува со земјите членки, па од тука ние веќе сме внатрешен дел на Унијата, а не надворешен, и прашањето на методологија, начинот, времето на пристап не може да го смени фактот дека ние недвосмислено одиме кон целосно членство во ЕУ“ – нагласи Османи на одбележувањето на Денот на осигурувањето и јубилејот 10 години од формирањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.