Македонија
Османи – Сијарто: Имаме заедничка обврска да ги надминуваме предизвиците и да нудиме решенија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и неговиот унгарски колега Петер Сијарто, кој е во еднодневна работна посета на нашата земја, разговараа за развојот на повеќесекторската соработка меѓу двете земји, а особен акцент беше ставен на актуелностите во однос на внатрешно-политичките состојби во земјата, како и последните дејства поврзани со европската интеграција на Северна Македонија, но и на регионот.
Османи во оваа пригода го поздрави успехот на словенечкото претседателство да обезбеди консензус за извештаите на Комисијата за земјите од Западен Балкан, како и за заклучоците на Европската Унија за регионот, што е аргумент дека и покрај големите предизвици со кои се соочуваме, Европската Унија останува и присутна и посветена на Западен Балкан.
„Сепак, овој делумен успех на словенечкото претседателство, барем овде кај нас, влезе под длабока сенка на неуспехот на Унијата да обезбеди консензус во операционализација на сопствената одлука од март минатата година за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Свесни сме дека одлуките на Советот на ЕУ се носат со консензус, но сѐ помалку граѓаните на нашите земји имаат разбирање за тоа на каков начин и со какви аргументи се користи таа привилегија од некои земји членки. Неоспорно е дека довербата во процесот на проширување е најниско ниво, а тоа го загрозува кредибилитетот и на целата Унија и создава нови кризи во целиот регион. Но, наша обврска не е да гледаме со разочарување на неуспесите, туку да ги следиме предизвиците и да нудиме решенија. Ние остануваме посветени на процесот на интеграција во Европската Унија, што преставува наш стратешки интерес и можам да ве уверам дека продолжуваме да работиме и со нашите соседи со несмалено темпо. Предалеку сме отидени во овој процес за да се откажуваме, но, искрено, се надевам дека со новата политичка гарнитура почнуваме и нов визионерски процес на доверба меѓу двете држави“, истакна Османи.
Министерот Сијарто ја реафирмира унгарската поддршка со заложби таа да продолжи со несмален интензитет во натамошниот период. Двајцата министри констатираа дека интеграцијата на Западен Балкан е геостратешки интерес на Европската Унија, што придонесува за безбедноста и просперитетот на целиот континент и оневозможување несоодветни влијанија и интереси од трети држави.
Двајцата министри разменија мислења за состојбите во регионот и констатираа дека е неопходен засилен ангажман на Унијата со цел постигнување двонасочен партнерски однос, кој ќе придонесе кон постабилен и просперитетен регион.
Беше поздравен континуираниот раст на трговската размена и се изрази очекување дека постојат потенцијали и за натамошно нејзино зголемување. Реактивирањето на работата на Заедничкиот мешовит комитет меѓу двете земји и одржувањето на 4. седница в година, ќе даде дополнителен позитивен импулс на трговската размена, со цел изнаоѓање можности за поповолна заемна инвестициска клима.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

