Македонија
Османи – Сореиде: Северна Македонија како членка на НАТО значајно придонесува за стабилноста и безбедноста во регионот
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде.
„Благодарни сме за континуираната билатерална поддршка што Норвешка ја дава во насока на унапредување на евроинтегративните процеси на Северна Македонија, рефлектирано преку поддршка на административните и легислативните капацитети потребни за процесот на преговори со Европската Унија. Норвешка се вбројува во земјите најголеми донатори на билатерална помош, што е исклучително значајно во трансформацијата на нашата земја во демократско општество“, истакна Османи.
За време на разговорот беше отворена темата и за силната посветеност на македонската Влада за спроведување на реформската агенда, неопходна за забрзување на европската интеграција на земјата. Воедно, беше потенцирана блиската мултилатерална соработка и заедничкото учество на двете земји во рамките на мировните мисии. Во таа насока од страна на Османи беше упатена честитки за изборот на Норвешка за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, што е одлична можност за јакнење на нејзиниот придонес кон мултилатерализмот.
„Денес, Република Северна Македонија е земја членка на НАТО и ЕУ-перспективите, при што значајно придонесува во стабилноста и безбедноста во регионот“, нагласи Османи.
Министерката Сореиде за време на разговорот упати честитки и за идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година и заложбите на нашата земја за човековите права, демократијата и владеењето на правото.
Двајцата соговорници разменија мислења, предлози и сугестии за искористување на потенцијалите за економска соработка и покрај географската оддалеченост. Истовремено, беа разменети информации за состојбата со здравствената криза и социо-економските последици од пандемијата, регионалните и меѓународните случувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

