Македонија
Османи со сочувство до Турција: Нашите мисли се со нашите пријатели, ќе сториме сѐ што е во наша можност
„Земјотресот во јужниот дел на Турција претставува огромна трагедија со многу жртви, повредени и материјална штета, која го отежнува справувањето со последиците“, напиша министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на социјалните мрежи.
„Утрово, испратив пораки со сочувство до Турција и турскиот народ преку мојот колега Мевљут Чавушоглу, во кои ја понудив и нашата помош онаму каде што ќе биде потребна за што веќе се прават подготовки во земјата“, пишува Османи.
Со Турција, како што додава, имаме блиско и долгорочно партнерство, кое почива на длабоката поврзаност на народите на двете земји.
„Нашите мисли се со нашите пријатели, браќа и сестри од Турција, и ние ќе сториме сè што е во наша можност за да им се најдеме на пријателите во оваа неволја“, додава Османи во напишаното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

