Македонија
Османи: Хрватска застанува во поддршка на европските перспективи на Северна Македонија
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посета на Република Хрватска се сретна со неговата колешка Марија Пејчиновиќ-Буриќ, заменик-претседателката на Владата на Република Хрватска и министерка за надворешни работи и европски прашања.
Османи на средбата го нагласи постоењето на долгата традиција на добри односи и пријателство меѓу двете земји, кое, како што рече, беше потврдено и со брзата ратификација на протоколот за членство НАТО. Тој упати посебна благодарност до Буричиќ и за континуираната поддршка за европските интеграции на нашата земја.
„Се наоѓаме буквално на еден ден од објавата на Извештајот на Европската Комисија, во чија содржина, веќе извесно е, дека ќе се рефлектира напредокот на Република Северна Македонија и во затворањето на политичките прашања, но и напредок во имплементација на реформската агенда“, истакна Османи, посочувајќи на очекувањата во земјава за испорака на преземените обврски од страна и на Европската Унија, преку конфирмација на одлуката од минатата година, за почеток на преговорите со Северна Македонија оваа година.
„Свесни сме за потребата од остварување консензус за оваа одлука во рамките на ЕУ, како и за предизвиците со кои се соочува Унијата, а кои претставуваат предизвик и за земјите членки, и во оваа насока ја очекуваме поддршката од нашите најблиски пријатели во остварување на нашите европски перспективи, меѓу кои секако ја сметаме и Хрватска“, истакна Османи.
Во агендата на Османи се наоѓа и средбата со претседателот на Комисијата за европски прашања во хрватското собрание, Домагој Иван Милошевиќ, на кои покрај европските интеграции ќе се разговара и за соработката парламентите на двете земји, како и за улогата на националните законодавни тела во европските процеси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

