Македонија
(Видео) Останува тајна колку внукот на Ахмети платил за „Соравија“, ниту стариот сопственик не ја откри сумата
Доверлива е сумата на договорот што бил потпишан за купопродажбата на трговскиот центар „Соравија“, истакна на денешната прес-конференција досегашниот сопственик Хано Соравија.
Одговарајќи на прашањата на новинарите, тој зборуваше за долгот од 20 милиони евра, но прашан за вредноста на договорот кој е потпишан, без разлика на долговите, кусо изјави дека информацијата е доверлива и верува во иднината на проектот со новиот менаџмент очекувајќи набргу да се видат бенефициите.
Рече дека по трансакциите, ќе има само 10 отсто од уделот во „Соравија“ и најави дека бизнисот го сели во Валона, Албанија, каде што има можност за инвестиции со искусни партнери.
За внукот на Ахмети, Дрин, кој го купува трговскиот центар, имаше само пофални зборови.
„Задоволен сум што најдов партнери од вашата држава. Имав можност да го сретнам Дрин. Ни ги кажа своите идеи, има силни компании во заднина. Мојот тим стекна доверба во него и во неговата компанија во следните години. Дрин е млад човек што гледа во иднината. Се надевам дека ќе ги пренесе своите идеи“, рече Соравија, додавајќи дека верувале во неговата личност, а не во политичките врски, бидејќи не биле ни запознаени со значењето на неговото презиме.
Прашан за колава сума ја купил зградата на трговскиот центар, рече дека не може да се сети и дека може само да претпоставува.
Според одредени пресметки, деловниот центар вреди околу 31 милион евра.
Бизнисменот Дрин Ахмети објасни дека дознал за долговите што ги има деловниот центар, а не може да ги врати, по што стапил во контакт со австрискиот милијардер и инвеститор Хано Соравија. Имало разговори и анализи и тогаш Дрин Ахмети решил со фирмите да го купи бизнис-центарот, но да ги исплати и долговите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Времето денеска сончево и потопло
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.
Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.