Македонија
Отворени осмите „Вечери на женски права“
Во понеделник вечер во Младинскиот културен центар, со проекцијата на „Сибирска љубов“ беа отворени „Вечерите на женски права“, кои се одржуваат по осми пат.
Годишново издание на оваа манифестација за отворена ја прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
„На Вечерите на женски права се прикажуваат документарни филмови од поновата регионална и светска продукција на различни теми поврзани со родовата проблематика и истите се проследени со дебати инспирирани од филмовите. Дополнително програмата е збогатена со меѓународна изложба на слики на тема „Супер хероини“, работилници за стрип, фотографија, раскажување и форум театар. Ова секако е настан кој ни нуди можност да го почувствуваме вистинското значење на овој празник, дава можност да размислуваме на еден покомплексен начин, различен од досегашниот. Културен настан кој вклучува уметност, поттикнува разни прашања и креативност и можност за размена на мислења. Нашата работа во иднина ќе биде насочена кон креирање на град, како средина за живеење и работа, во кој мажите и жените ќе имаат еднакви можности за остварување на својот личен, професионален, приватен, интимен, духовен и културен потенцијал. Рамноправното учество на мажите и жените во семејството и во работниот живот заедно со рамноправното учество на мажите и жените во процесот на одлучување сметаме дека се предуслов и основа за развој на еден модерен град“, рече градоначалникот Трајановски.
По проекцијата на „Сибирска љубов“, пред присутните се обрати и режисерката на филмот, Олга Делане, а потоа дискутираше за значењето на филмот и нејзината инспирација за правење на истиот.
Целата програма за осмото издание на Вечерите на женски права може да ја најдете на следната интернет врска: http://www.womensrightsnights.net/program-2017.html
Вечери на женски права (ВЖП) е настан кој традиционално се организира од 2010 година. Настанот, секоја година се одржува во Скопје, на различни локации како МКЦ, Кинотека на Македонија, Градско кино Милениум, Музеј на град Скопје и други.
Настанот „Вечери на женски права“ е резултат на соработка помеѓу Град Скопје, UN Women, Институт за родови студии при Филозофски факултет на „Универзитет Кирил и Методиј“ и „Унивeрзитет за Аудио-визуелни уметности – ЕСРА“, Скопје. Оваа година настанот е во организација на Центар за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.
Македонија
Утре без вода дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарната Илинден
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (19.02.2026) поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.(општина Чаир)

