Македонија
Отворен стечај за „Еуроникел“, 670 вработени побаруваат 2,1 милион евра за четири неисплатени плати
Основниот суд Кавадарци отвори стечајна постапка за фабирката „Еуроникел индустри“ откако барања за стечај поднесоа компанија од Прилеп за долг од 10.000 евра, јавно претпријатие од Кавадарци и вработените преку Синдикатот за четири неисплатени плати. За стечаен управник е назначен Ацо Петров, кому ова нема да му биде прва стечајна постапка за фабриката, а стечајна судијка е Елизабета Петковска.
Привремената стечајна управничка, Љубица Зајкоска, на денешното рочиште презентираше извештај за финансиската состојба на фабриката според кој фабриката од 2019 до 2022 година била во добивка, но последната година добивката била 26 пати помала отколку добивката во 2019 година. За 2022 година фабриката има вкупни побарувања од 5,7 милијарди денари, а обврски во висина од 4,8 милијарди денари.
Вкупно 670 вработени во „Еуроникел“ имаат побарување од 130 милиони денари или 2,1 милион евра за четири неисплатени плати.
Според извештајот, „Еуроникел“ нема недвижен имот оти сега е сопственост на банката, но има возила, готови производи од никел, канцелариска опрема со залихи и авто-делови.
И по отворањето на стечајот вработените стравуваат околу исплатата на четирите неисплатени плати.
„Стечајот се отвори, но во исто време ни потврдија дека компанијата нема никаков недвижен имот. Што ќе продаде стечајниот управник за да ни ги исплати платите? Сиот движен имот нема да ги покрие платите, има резевни делови кои вредат, но ќе треба многу долго време за тие да се продадат. Единствен начин, реален за нас за брзо да ни исплатат е ако се продаде никелто во печката. Тој е вреден 5-6 милион евра, но не знеме дали Комерцијална банка ќе го куши од стечајот оти печката е во нивна сопственост и се уште се грее, се одржува во работна состојба. Не знаеме дали Комерцијална банка или некој друг ќе го купи тој никел за да може брзо да ги змемеме платите“, прашуваат вработените во „Еуроникел“.
Стечајниот управник Петров не беше достапен за изјава по рочиштето за да објасни каков план има за исплата на платите. Тој и претходно беше стечаен управник на „Фени“, во времето кога фабриката беше државна сопственост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

