Македонија
Откриена болеста син јазик кај 12 грла овци во Македонски Брод и Кичево
Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди појавата на болеста син јазик кај 12 грла овци во две одгледувалишта – во село Грешница (општина Македонски Брод) и во село Свињиште (општина Кичево), откако претходно беше пријавено од надлежно ветеринарно друштво за сомнеж на болеста кај овци и кози на територија на двете општини.
АХВ спроведе епидемиолошко испитување во овие региони, при што беа земени примероци од сомнителните животни и извршени лабораториски испитувања од страна на Факултетот за ветеринарна медицина.
Сточарите на кои ќе им бидат одземени животните кај кои ќе биде потврдено присуство на болеста ќе бидат обесштетени. Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе бидат присутни на терен и ќе ја следат состојбата со болеста во овие региони.
Стручните служби на АХВ ветеринарство ја пријавија болеста во Системот за нотификација на болестите кај животните на Европската Унија (ADNS) и во WAHIS-системот на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ.
Болеста син јазик не е зооноза, односно таа не се пренесува и не е опасна за луѓето, но, сепак, не треба да се консумира месо од заболено животно. Станува збор за вирусно заболување кај домашните и дивите преживари (овци, кози и говеда). Синиот јазик се пренесува единствено преку каснување од инсекти (мушички) од видот Culicoides, во периодот на нивна активност (април- ноември), особено во услови на висока температура и влажност. Болеста не се пренесува од животно на животно, преку контакт.
Во нашата земја, присуството на болеста е последен пат евидентиран во 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

