Македонија
Откриени 635 кутии од вакцините со погрешен датум

Вкупно 635 кутии од МРП-вакцината со погрешни датуми на декларациите открила внатрешната контрола во сите здравствени домови. Вонредната контрола во здравствените домови е по налог на Министерството за здравство откако на социјалните мрежи беше откриено дека во ек на епидемија на морбили децата се вакцинираат со вакцина со изминат рок, а увозникот се оправда дека рокот не е истечен туку на кутиите биле залепени погрешни кирилски декларации.
„Залепените декларации биле од претходниот увоз, кој бил со важност до месец октомври 2018 година. Истите се пронајдени во ЗД Крушево, ЗД Струга, ЗД Велес, ЗД Демир Хисар, ЗД Крива Паланка, ЗД Вевчани, ЗД Охрид и ЗД Скопје“, велат од Министерството за здравство.
Од таму тврдат дека сите дози од МРП-вакцината се со добар и проверен квалитет од реномираниот европски производител GlaxoSmithKline од Белгија. „МРП-вакцината е безбедна и произведена во Европската Унија. Има 2 сертификати, за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. На секоја кутија вакцина и на секое шишенце вакцина има т.н. воден жиг на кој стои дека се со важност до мај 2019 година, односно јули 2019 година. Ова е единствената потврда дека сите вакцини се апсолутно безбедни и со важечки рок“, велат од Министерството за здравство.
Вонреден инспекциски надзор направил МАЛМЕД во Скопје, а од Министерството најавуваат дека утре инспектори од МАЛМЕД ќе одат повторно на терен за да ги потврдат наодите каде што е откриено дека има од вакцините со погрешни декларации во вакциналните пунктови во другите градови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.