Македонија
ОЈО постапува по кривичната пријава поднесена од МТСП
Основното јавно обвинителство Скопје интензивно постапува по кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика против непознат сторител за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик, а која се однесува на невршење на распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови.
Во текот на досегашната предистражна постапка, како што се наведува, преземени се повеќе дејствија, а свој исказ пред надлежниот јавен обвинител дадоа претставник – генералниот директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, претставник на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), претставник – претседателот на Управниот одбор на КБ Првото пензиско друштво и претставник на САВА пензиското друштво. Во насока на утврдување на фактите, претстои испитување на претставник од Министерството за финансии.
Министерството за труд и социјална политика до Основното јавно обвинителство Скопје дополнително достави документи кои се однесуваат на вршењето на надзорот на Министерството врз работата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. До овој момент не се пристигнати побараните извештаи од Државниот завод за ревизија за извршените ревизии во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во критичниот период.
Јавниот обвинител ќе одлучи доколку е неопходно да се преземат и други дејствија во текот на предистражната постапка. Од досегашните проверки, обвинителството утврди дека не е загрозено правото на пензија на осигурениците во Република Северна Македонија.
За потсетување, на 8 февруари годинава надлежниот јавен обвинител кој постапува по поднесената кривична пријава го испита и подносителот на пријавата, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.

