Македонија
Пакети за заштита на новинарите и медиумските работници од коронавирусот

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел поголема заштита на новинарите и медиумските работници од коронавирусот, ќе доделуваат пакети со заштитна опрема и средства за дезинфекција на медиумите од Северна Македонија.
„Во услови на глобална пандемија од исклучително значење за ЗНМ, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, но и за пошироката јавност е да имаме квалитетни и навремени информации. Сметаме дека заштитната опрема ќе помогне за остварување на таа цел, која не би била возможна без добро заштитени новинари и медиумски работници. Во таа насока подготвени се два вида пакети. Првиот, кој е малку пообемен и е наменет за националните медиуми кои имаат поголеми редакции, и вториот кој е наменет за медиуми со помал број вработени.
Со оглед на тоа што располагаме со ограничена количина пакети, принципот на добивање на истите е прв пријавен – прв услужен. Исто така, поради големиот број медиуми укажуваме дека секој медиум ќе може да добие не повеќе од еден пакет. Освен тоа, апелираме до медиумите кои веќе обезбедиле соодветна заштита за своите вработени или нивната работа не вклучува известување од терен да не аплицираат за добивање пакети, бидејќи на тој начин може некој од колегите што секојдневно се изложени на ризик да не бидат соодветно заштитени“, велат од ЗНМ.
Поради итноста на ситуацијата во која се наоѓаме, последен рок за аплицирање ќе биде 6.4.2020 (понеделник).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Извршителите ќе имаат увид во пензиите, Правда потпиша меморандум за соработка со Комората на извршители и Фондот за пензиско

Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа меморандум за соработка со кој се воспоставува брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија.
Од Министерството за правда велат дека целта на меморандумот Целта на Меморандумот е да се обезбеди побрза и поефикасна размена на податоци за лицата-должници, корисници на пензија, со што се овозможува поголема правна сигурност за граѓаните, заштита на личните податоци, почитување на етичките стандарди, грижа за најранливите категории, особено пензионери со минимална пензија, јасни и транспарентни процедури и поефикасно спроведување на извршувањата.
„Со овој чекор се зајакнува институционалната соработка, се намалуваат административните пречки и се гарантира фер и законито постапување од страна на сите засегнати страни“, велат од Министерството за правда.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат градат правосуден систем врз принципите на доверба, отчетност и транспарентност, со посебна грижа за најранливите граѓани.
Македонија
Судењето за пожарот во Кочани распределенo кај судијката Диана Груевска Илиевска

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
„Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни“, соопштија од Судот.
Од таму велат дека станува збор за судија со 19 годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник.
Советот за оцена на обвинителен акт денеска во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“.
Македонија
Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани
