Македонија
Папата пристигна во претседателската Вила „Водно“
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, претпладнево пристигна во претседателската Вила „Водно“, каде што треба да има обраќање пред државните власти, дипломатскиот кор и претставници на граѓанското општество.
Папата изутрината околу 8 часот слета на скопскиот аеродром, каде што беше пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, но и на традиционален македонски начин, со леб и сол.

Во делегацијата што го пречека светиот отец беа и вицепремиерот Бујар Османи, шефот на дипломатијата, Никола Димитров, и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
По официјалната церемонија во Вилата „Водно“, папата ќе има средба и со верските лидери во Спoмен-куќата на Мајка Тереза.
На плоштадот Македонија поглаварот на Римокатоличката црква ќе служи Света литургија, на која се очекува да присуствуваат повеќе од 15 илјади граѓани од земјава, но и високи гости, верници и странски државјани, пред сè, од поширокото соседство.
По литургијата, папата ќе одржи екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.
Посетата на папата Франциско се оценува како историски чин, а се реализира во исклучително важен период за земјава кога исчекорува по патот на европските и евро-атлантските интеграции, ја зацврстува внатрешната кохезија и носи пораки за помирување и солидарност.
Поради посетата на папата, во Скопје денеска има посебен безбедносен и сообраќаен режим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

