Македонија
Парите за новороденче Аеродром ги исплаќа како авторски договор
Општина Аеродром помошта од 5.000 денари за новороденче, наместо како социјален трансфер, во УЈП ги пријавува како авторски договор. Случајот во „Макфакс“ го пријави жител на Аеродром, кој на домашна адреса добил писмо во кое пишува дека Општината му префрлила пари по основ на договор за повремено вршење услуги. При пополнување на апликацијата за еднократната помош родителите тврдат дека не потпишале ваков договор ниту, пак, им било кажано дека парите во УЈП ќе бидат пријавени по овој основ.
„Нити сум потпишал авторски договор нити, пак, сум вршел некаква хонорарна работа за нив, па писмото ме збуни. Кога се обратив во Општината, ми кажаа: ‘Господине, тоа се парите што сте ги примиле за новороденче. Но, ние немаме законска основа да ги исплатиме така, па ги заведовме под таа ставка затоа што така нè подучија од УЈП. Ние на овој начин со години исплаќаме пари, сè е регуларно, нема за што да се грижите“, изјави родител за „Макфакс“.

Дека парите се исплатени како авторски договор, граѓаните дознаваат кога Општината ќе им испрати потврда за префрлените пари и платениот данок, која треба да ја приложат во УЈП
Исплатените пари за новороденче се со пресметан персонален данок од 556 денари, односно Општината ја намирила обврската кон УЈП. Но, сепак, спорно за корисниците на оваа услуга е што парите се пријавуваат по друг основ. „Макфакс“ побара одговор од надлежните служби во Општината, но од таму нема дециден одговор зошто парите се исплаќаат како за извршена услуга, туку само објаснување за персоналниот данок.
„Општина Аеродром со одлука на Советот исплаќа еднократна парична помош на новороденчиња и првачиња. Од таа причина, во согласност со Законот за персоналниот данок, односно актуелниот Закон за личниот доход, Општината е должна да пресмета и да исплати персонален данок на доход. Притоа, Општината издава потврди за исплата на персонален доход за кој е информирана и Управата за јавни приходи во согласност со нивната апликација. Конкретно, на барање за новороденче Општината исплаќа пет илјади денари, а во согласност со законската регулатива Општината го презема плаќањето на данокот за тие средства. При исплатата на овие средства не се прекршува ниту еден закон“, информираат од таму.
Инаку, кога родителите аплицираат за остварување на ова право, приложуваат извод од Матичната книга на родените за бебето, уверение од Книгата на венчаните или потврда за живот во вонбрачна заедница, копија од трансакциска сметка и пополнуваат барање со кое аплицираат за помош за првородено или втрородено дете. Притоа на родителите не им се кажува дека парите ќе бидат исплатени по овој основ и дали тие се согласни со начинот на исплата. Дека парите се исплатени како авторски договор, граѓаните дознаваат кога Општината ќе им испрати потврда за префрлените пари и платениот данок, која треба да ја приложат во УЈП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалните шеми ги обединуваат Филипче и Ахмети и во опозиција
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Венко Филипче и Али Ахмети биле обединети во криминални шеми додека биле власт, а сега, како опозиција, дејствуваат координирано против безбедноста и интересите на граѓаните.
Во соопштението се наведува дека за време на седумгодишното владеење на СДСМ и ДУИ државата била оставена без систем, без одговорност и со високо ниво на криминал и корупција во сите пори на општеството.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети се поврзува со повеќе криминални афери, меѓу кои и случаите поврзани со неговиот внук Дрин Ахмети, купувањето на трговскиот центар „Соравија“, како и концесијата добиена од државната ЕСМ за ископ на варовник.
Во соопштението се наведува дека Филипче се поврзува со тешки трагедии и несреќи, меѓу кои пожарот во модуларната болница во Тетово, како и сообраќајните несреќи во Бугарија и кај Ласкарци, при што, како што се тврди, поради неодговорност и пропусти загинале 75 лица.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче и Ахмети повторно се обединети заради сопствени цели и заштита, наведувајќи дека пред десетина дена имале средба во Мала Речица, каде се координирале за идно политичко делување.
Во соопштението се посочува и дека нивните пратеници гласале против системот „Безбеден град“, што, според партијата, значи гласање против безбедноста на граѓаните во сообраќајот и заштитата на човечките животи.
Се наведува дека единствена грижа на Филипче е задржувањето на лидерската позиција во СДСМ, додека на последниот партиски конгрес, според ВМРО-ДПМНЕ, не присуствувала една третина од делегатите, што било доволно за покренување барање за негова смена, а дел од пратениците не присуствувале на седници што тој ги водел.
„Интересот на Филипче и Ахмети не се граѓаните, туку зачувување на нивните политички и бизнис интереси“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека партијата останува доследна на политики во интерес на граѓаните, со фокус на заштита на човечките животи, безбедноста на граѓаните и безбедноста на улиците.
Македонија
Колку милиони народни пари требаше да завршат во џебовите на Заев и Филипче со планот за преземање на болницата Жан Митрев, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Секојдневно на виделина излегуваат нови факти дека на СДС и Венко Филипче за време на 7 годишното владеење приоритет не им биле граѓаните туку сопствените лукративни цели и интересите на тесен круг луѓе блиску до врхушката на СДС како и бизнис зделките договорени со менторот Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Во низата афери најскандалозен е случајот со планот на Филипче и Заев за преземање на болницата Жан Митрев кој во јавноста доби потврда и од самиот доктор Жан Митрев.
Филипче и Заев имале точно разработен план како да ја преземат болницата Жан Митрев. Класичен модел на делување на кланот Заеви и Филипче преку притисоци, уцена, закани, злоупотреба на институциите и влијание врз судски постапки да остварат лични цели и огромен профит.
За таа цел Филипче и Заев имале добро подготвен план за што говори фактот со зголемувањето на сумата од ФЗО која се префрла на Болницата. Сумата во 2020 година достигнала околу 11 милиони евра, што е скоро дупла за разлика од сумата одвоена за болницата во 2015 година.
Планот за преземање на приватна болница не им поминал, што буквално би значело приватизирање на народни пари.
Филипче да не молчи и да одговори дали навистина имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист, пари од народот?
Колку ќе профитирале Филипче и Заев од зделката за планот што го скроиле и колку народни пари ќе завршеле во нивните џебови?
ЈО да го истражи случајот со Клиничката болница Жан Митрев.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветена за заштита на јавниот интерес и борба против криминалот и корупцијата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ВМРО потврди, сè е приватен бизнис за Мицкоски, затоа има часовници од 150 плати, велат од СДСМ
„Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот на енергетиката, нешто коешто тој самиот го има јавно говорено, каде што со познати светски фирми има соработувано и има добро заработено.“ Со овој одговор за часовниците на Mицкоски вредни 150 минимални плати ВМРО потврди: сè е приватен бизнис за Мицкоски. Директор во ЕЛЕМ, советник на Груевски, сè е тоа приватен бизнис, велат од СДСМ.
„Така е за сите во ВМРО и ЗНАМ, државната работа за нив е приватен бизнис, сите се ориентирани кон тендери и бизниси. На македонскиот работник му се потребни дванаесет години работа за да заработи толку пари колку што чинат часовниците на Мицкоски. 150 минимални плати! Ама бизнис ориентираниот Мицкоски не се грижи за тоа колкави се платите на работниците.
Нема пари за македонските работници, има само за тендери.
Со доаѓањето на „економските работници“ кои веќе ги гледаме значи дека поголеми плати нема да има“, соопшти СДСМ.

