Македонија
Патот кој води кон Теферич 30 дена ќе биде затворен за сообраќај

Општина Кисела Вода информира дека во следните 30 дена заради санација патот кој води кон населеното место Теферич ќе биде затворен за сообраќај.
Локалната самоуправа ги замолува учесниците во сообраќајот за трпение и разбирање додека се одвиваат градежните зафати на патот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.