Македонија
Пауновски: Годинава 78 објекти биле затворени поради непочитување на протоколите
Поради одредени фирми, целата угостителска дејност сега трпи последици, вака директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски, го објасни непочитувањето на мерките за заштита од коронавирусот.
Тој кажа дека за четири месеци, затвориле 78 објекти поради непочитување на протоколите. Пауновски вели дека влегуваат секаде, без разлика дали имаат закани или не, дури и со помош на полицијата.
„За жал и по една година се соочуваме со такви субјекти, претежно угостителски објекти, коишто дозволуваат да се направат пропусти кои ние ги санкционираме. Повеќе пати сум кажал, во поголем дел случаи успеваме на лице место да затекнеме и постапуваме. Можеби имало свадба во Струмица, но за таа јавивме дека кога стигнале инспекторите – таму немало ништо. Инспекторите секојдневно се на терен и она што ни се случува од одредени субјекти поради кои целата комплетната угостителска дејност трпи последици, го сметаме за инает кон себе, пазарните инспектори и граѓаните. Кон таквите немаме милост и мора да постапуваме согласно законот. Од Нова година до сега имаме 78 објекти кои се затворени поради непочитување на протоколите“, рече Стојко Пауновски.
За една недела, осум решенија се изречени поради непочитување на протоколот за работа на угостителски објекти и тоа за по два во Скопје и Битола и по еден во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово.
„Инспекторите од Пазарниот инспекторат во истиот период извршија околу 4.500 контроли и надзори, од кои 3.938 контроли и 564 надзори поврзани со почитувањето на протоколите за работа на угостителите, но и за почитувањето на останатите закони меѓу кои и Законот за заштита на население од заразни болести. Изречени се 54 прекршочни пријави, донесени се 91 решение за констатирани неправилности и изречени се 43 прекршочни платни налози. 8 решенија се поради непочитување на протоколот за работа на угостителски објекти и тоа за по два во Скопје и Битола и по еден во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово. Во овие угостителски објекти не се почитувало работното време или ограничувањето на бројот на гости, односно 4 лица на една маса. Истите се затворени за работа и изречени им се платни налози“, нагласи Пауновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

