Македонија
Пендаровски – Агелер: Потребно е да продолжи посветеноста кон европските интеграции

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјата, Анџела Прајс Агелер.
Соговорниците разговараа за текот на евроинтегративниот процес на Северна Македонија во контекст на комплетираниот скрининг-процес и неодамнешните одлуки на Советот на ЕУ.
Во таа насока се согласија дека е потребно да продолжи посветеноста кон европските интеграции имајќи предвид дека преку процесот на преговорите за членството во ЕУ ќе се овозможи позитивна трансформација на демократските капацитети на општеството, ќе се отворат можности за поголем економски просперитет, размена на услуги и добра, како и поголема мобилност на населението за образование и професионален развој.
На средбата беа разменети мислења и за состојбите во регионот, како и безбедносните случувања во поширокиот регион, војната во Украина и случувањата на Блискиот Исток.
Претседателот Пендаровски изрази задоволство од стабилното и динамично македонско-американско пријателство нагласувајќи дека македонското општество и граѓаните особено ја ценат поддршката од САД. Во таа насока тој изрази уверување дека американската поддршка ќе продолжи и во периодот што претстои како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на нашиот регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.