Македонија
Пендаровски во Брисел: Северна Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори
Северна Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со Европската Унија. Ваква порака упати денеска претседателот Стево Пендаровски на средбите со комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархељи, и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, со што ја почна својата работна посета на Брисел.
На средбата со Вархељи претседателот Пендаровски изразил благодарност за неговиот ангажман и за поддршката за реализација на договорот за распределба на 651.000 дози од вакцината „Фајзер“ за земјите од Западен Балкан, од кои нашата држава ќе добие 119.000 вакцини.
„Претседателот порача дека е клучно да се забрза процесот на вакцинација во претстојниот период и да се овозможи животот да се врати во нормала што побргу заблагодарувајќи ѝ се на ЕУ за целокупната поддршка и помош во справувањето со пандемијата, како и за демонстрираната солидарност“, соопштија од Кабинетот на Пендаровки.
Двајцата соговорници разговарале за можностите за исчекор на Северна Македонија во евроинтеграциите во контекст на претстојните состаноци во рамките на Европската Унија што треба да се одржат во мај и јуни годинава, како и билатералните прашања врзани со добрососедските односи. На средбата се размениле и мислења и информации за надминување на проблемите со Бугарија.
На средбата со Лајчак, Пендаровки разговарал за најновиот развој на настаните во регионот, како и за предизвиците со кои се соочува во поглед на регионалната стабилност.
Во рамките на посетата на Брисел, претседателот Пендаровски денеска ќе оствари средби и со претседателот на Европскиот џсовет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, како и со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Кјучук.
Претседателот Пендаровски, утре, 28 април, среда, ќе оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција по годишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека во нејзиниот говор изостана визија за реалната состојба во државата. Тој истакна дека наместо анализа на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, обраќањето беше сведено на флоскули и претставување на владината агенда на ДПМНЕ, а не на политичка слика што ги опфаќа сите граѓани во Република Македонија.
Мециновиќ нагласи дека во говорот на Давкова сосема изостана осврт кон уништувањето на реките, загадувањето на воздухот и системското разорување на животната средина, што претставува политичка порака дека загадувањето, зголемените заболувања, доминацијата на интересите на крупниот капитал над здравјето на граѓаните се прифатливи и нормализирани.
Тој сублимираше дека ова претставува морална мапа за ургентните прашања, и дека сведочиме на апстрактни говори за стабилност и глобални климатски промени, преку кои всушност се избегнува соочување со конкретните причинители и одговорности кај нас. Таквиот пристап, како што велат од партијата, ја штити нерегулираната индустрија и интересите на крупниот капитал, а штетата по граѓаните се третира како колатерална и неизбежна.
Додаваат дека, иронично, зад говорите за енергетска независност истовремено застана реалноста на поскапена струја и продлабочена енергетска сиромаштија, што повторно покажува отсуство на приоритети насочени кон граѓаните. Затоа, пратеникот од Левица најави и итна законска интервенција како одговор на енергетската криза во која државата веќе се наоѓа.
Од Кабинетот на претседателката посочија дека во нејзиниот говор воопшто не се спомнати глечери, како што наведува Мециновиќ, и дека говорот содржеше повеќе теми поврзани со екологијата.
Македонија
СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери
Криминални политики со тендери и неспособност во енергетиката се двете единствени причини поради која сите граѓани на Македонија ќе плаќаат поскапа струја и поради што се воведува кризна состојба, велат од СДСМ преку соопштение.
„За само година и половина владата на Мицкоски ја доведе најголемата државна енергетска компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс.
Оваа година има историски најниско производство на домашна струја, нема ниту 3.000 GWh од планирани 5.100 GWh. Катастрофално лошо.
За да се надминат овие загуби власта купува скапа струја од увоз, за многу повисоки цени отколку што би било ЕСМ да ја произведува дома.
Колку тоа ги чини граѓаните? 77 милиони евра е официјална загуба за само првите два квартали од 2025 години, со проекција од над 100 милиони евра загуба до крајот на 2025 година.
Дополнително, над 110 милиони евра ЕСМ има земено нови кредити за само 18 месеци. Тоа се над 200 милиони евра!
Дали сега е јасно?
Ова не е „надворешна криза“ и нема врска со протестите во Грција.
Ова е внатрешно предизвикана катастрофа, резултат на криминални тендери, скап увоз на струја и неспособност на власта на Мицкоски.
КЛУЧНОТО ПРАШАЊЕ Е: ЗОШТО НАВРЕМЕ НЕ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ЕНЕРГЕНСИ?
Зошто во сред зима нема најмалку 300.000 тони јаглен на депонија, како основен услов за сигурно зимско производство? Зошто мазутот не е набавен навреме, туку сега панично се бара решение? Прашуваме: Дали постои веќе избрана фирма за снабдување со мазут?
Затоа се прогласува кризна состојба и затоа власта удри по џебот на граѓаните. Нема пари, има буџетска дупка од 1 милијарда евра, но не се откажува од криминалните тендери и скапот увоз на струја, а сега и на мазут.
Сметката за ова на крај ја плаќа народот, сите граѓани на Македонија!“, се додава во партиското соопштение.
Македонија
Разгледан клучниот План за праведна транзиција за 2026: Фокус на имплементација и координација
Денеска се одржа состанок на Советот за праведна транзиција, на кој беше разгледан Годишниот план за имплементација на праведната транзиција за 2026 година.
На состанокот беше нагласено дека Планот за 2026 е клучен документ за насочување на активностите во процесот на праведна транзиција и за исполнување на обврските на државата во рамки на Реформската агенда и Планот за раст, при што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го координира неговото финализирање.
Фокусот на дискусијата беше ставен на тоа Планот да биде оперативен и имплементациски, со јасно дефинирани активности и проекти, одговорни институции, временска рамка, потребни ресурси и механизам за следење на напредокот.
Министерката Божиновска истакна дека “успешната имплементација во 2026 година бара силна меѓуинституционална координација, јасни улоги и активна вклученост на сите релевантни институции, со редовно известување за напредокот преку Советот и работните групи”.
По денешната дискусија и усогласување, Планот ќе биде подготвен за понатамошно формално усвојување, со цел државата да влезе во 2026 година со јасна насока, приоритети и засилен фокус на спроведување и резултати во рамките на зелената транзиција.

