Македонија
Пендаровски во посета на Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО
Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Монс, Белгија, ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО, каде што се сретна со врховниот командант, генерал Кристофер Каволи.
На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности на командата и зајакнувањето и прилагодувањето на силите по почетокот на руската воена инвазија на Украина, во насока на заштита на НАТО-сојузниците и намалување на ризикот од проширување на конфликтот.
![]()
Претседателот Пендаровски ја реафирмираше подготвеноста на државата да даде свој активен придонес во напорите на алијансата насочени кон исполнување на стратешките цели, во одржувањето на регионалната безбедност и зацврстување на единството во НАТО. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија, во рамки на своите капацитети, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување мир.
![]()
Генералот Каволи се заблагодари за севкупната поддршка што Република Северна Македонија, како членка на НАТО, ја дава во напорите на алијансата за одржување на безбедноста на евро-атлантскиот простор.
![]()
Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски оствари средба со припадници на Армијата на Република Северна Македонија распоредени во Врховната команда на сојузничките сили за Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

