Македонија
Пендаровски – Гир: Институциите ќе вложат максимални напори за успешно спроведување на скринингот

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.
На средбата беше разговарано за натамошниот тек на евроинтеграцискиот процес на Македонија и фазите што престојат во реализацијата на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Во тој контекст претседателот истакна дека сите институции ќе вложат максимални напори со цел успешно спроведување на скрининг-процесот, кој почнува во септември.
Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката од евроамбасадорот Гир и изрази очекување дека соработката со Делегацијата на Европската Унија во земјата успешно ќе продолжи и во текот на целокупниот преговарачки процес.
На средбата беа разменети и мислења за можните предизвици во преговарачкиот процес, прашањата што се очекува да бидат најактуелни во преговорите, како и за конкретните придобивки од процесот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.