Македонија
Пендаровски го пречека црногорскиот претседател Ѓукановиќ
Во претседателскиот кабинет во вилата „Водно“, претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој престојува во официјална дводневна посета на нашата земја.
Посетата на црногорскиот претседател е воедно и прва официјална посета на странски претседател на Северна Македонија во мандатот на претседателот Пендаровски.

Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели се пријателските односи меѓу Северна Македонија и Црна Гора, кои споделуваат заедничко минато и се стремат кон заедничка иднина преку интегрирањето во евро-атлантските институции.
Покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Ѓукановиќ, предвиден е и пленарен состанок меѓу македонската и црногорската официјална делегација, како и прес-конференција на двајцата претседатели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

