Македонија
Пендаровски-Милатовиќ: Во фокусот европската перспектива, политичките и економските случувања

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во рамки на учеството на Преспа форум за дијалог 2023.
Пендаровски упати честитки за неговиот избор за претседател на Црна Гора изразувајќи уверување дека Северна Македонија и Црна Гора во интерес на граѓаните на двете земји и нивниот напредок и просперитет, ќе го продолжат традиционалното пријателство и успешната билатерална соработка.
На средбата беше разговарано за состојбите во двете земји и нивната европска перспектива, како и за политичките случувања, економските и безбедносните предизвици се кои се соочува нашиот регион.
Двајцата претседатели изразија подготвеноста за продлабочување на комуникациите и размена на искуства во однос на реформите за трансформација на општествата и евроинтеграциските процеси за членство во Европската Унија како заедничка надворешно-политичка цел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.