Македонија
Пендаровски – Новак: Унгарија одигра значајна улога за почетокот на преговорите на Северна Македонија, поддршката ќе продолжи
Претседателот Стево Пендаровски посочи дека Унгарија е една од најгласните членки на Европската Унија во поддршката на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан. Тој смета дека Унгарија одигра значајна улога во одлуката за почеток на пристапните преговори на Македонија.
Тој посочи дека на средбата со унгарската претседателка Каталин Новак добил уверување дека ќе продолжи оваа поддршка.
„Сметам дека оваа посета е значајна за билатералните односи. Ќе даде дополнителен стимул за соработката. Потврдивме заедничка посветеност за соработка. Неоспорно, Унгарија е една од најгласните и најактивни членки во ЕУ, земја што одигра значајна улога за почетокот на преговорите на Северна Македонија. Разменивме информации и за безбедноста на континентот“, рече Пендаровски.
Тој додаде дека Унгарија е еден од десетте најголеми трговски партнери.
„Очекуваме дека овој тренд ќе продолжи и во иднина“, додаде шефот на државата.
Новак беше пречекана на церемонија со највисоки државни и воени почести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

