Македонија
Пендаровски се сретна со претставници од Сојузот на средношколци: Поддршка за иницијативата за подобро средношколско организирање
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници од Сојузот на средношколци, кои информираа за досегашните и идни активности во рамки на иницијативата „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“, која во соработка со Институтот за добро управување и евро-атлантски политики е започната мината година.
Претседателот беше запознаен со заложбите на средношколците за реформирање и подобрување на ученичкото организирање. Средношколците информираа за финализацијата на предлогот-законско решение, со кое по првпат во државата ќе се регулира средношколското организирање, а преку кое се предвидува организирање директни избори од страна на сите ученици во училиштето за нивниот претседател и формирање совети на ученици.
Претседателот Пендаровски, изразувајќи поддршка за иницијативата за подобро средношколско организирање во државата, истакна дека тоа ќе придонесе кон процесите за создавање млади лидери, неопходни за развој на демократијата како траен систем на уредување на општеството и политиката за сите генерации во иднина.
На средбата стана збор и за иницијативата на претседателот Пендаровски за вклучување на демократското политичко образование во нашиот формален образовен систем, која е промовирана преку Претседателскиот центар за политичко образование.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

