Македонија
Перински во Радовиш: Инвестираме во објект што ќе ги обедини културата и традицијата
Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“. Денеска, министерот Златко Перински, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и заменикот за локална самоуправа, Ерџан Селими, беа во Општина Радовиш каде започна обновата и адаптацијата на старата Стоковна куќа во мултифункционален културен центар. Овој проект, ќе се реализира фазно, а првата фаза ќе се изведе со средства од државниот буџет одобрени на првиот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. Општина Радовиш веќе поднесе апликативен формулар за втората фаза на проектот, која би требало да биде реализирана со средства од вториот јавен повик.
Владините претставници заедно со градоначалникот Ацо Ристов ја посетија старата Стоковна куќа, каде теренот веќе е подготвен за предвидените градежни работи. Градоначалникот Ристов истакна дека овој објект за радовишани ќе значи многу, во него ќе се одвиваат сите настани од културата, образованието, ќе има содржини за едукација.
„Радовиш немаше ваков центар во кој граѓаните ќе можат да ги остваруваат своите потреби во делот на едукација, образование, култура, информации и многу други содржини кои ќе ги имаа во објектот, а кој ќе биде наменет за сите од 6 до 66, па и понатаму. Објектот ќе биде самоодржлив, затоа што ќе има такви содржини кои ќе го овозможат тоа“, изјави градоначалник Ристов кој изрази благодарност до Владата за дадената поддршка во реализација на проектот.
Министерот Перински изрази благодарност за проактивноста на градоначалникот и неговиот тим за подготовка на проектната документација и изрази надеж дека со исто, но и засилено темпо ќе продолжат во таа насока, а Владата ќе продолжи со поддршката за сите локални самоуправи.
„Денеска сме во Радовиш да го одбележиме отпочнувањето на градежните активности за реконструкција на старата Стоковна куќа, објект кој повеќе од 30 години беше симбол на еден транзициски и тежок период за целата држава. Согласно средствата кои самата Општина ги доби од првиот јавен повик за првата фаза и се надевам од вториот јавен повик за втората фаза, општина Радовиш ќе добие еден репрезентативен и прекрасен објект во срцето на самата општина на општо задоволство на сите граѓани“, истакна Перински.
Изградбата на објектот, според министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, значително ќе придонесе и за развој на туризмот.
„Како Влада многу инвестираме во Радовиш и ќе продолжиме да инвестираме, продолжуваме да градиме, затоа што тоа е она коешто претставува наша инспирација и заедничка цел. Македонија мора да се гради. Јас знам дека граѓаните имаат лоши спомени од минатото, чувствуваат гнев, затоа што наместо да се гради, Македонија се крадеше. Но, сега имаме поинаква Влада, со поинаква амбиција и во таа насока продолжуваме да функционираме“, порача премиерот Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.
Македонија
(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра
Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ.
„Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.
Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.
80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.
Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците“.
Како што додаде, кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.
„Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.
Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.
Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.
Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“.
СДСМ, посочи тој, бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.
„Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“.

