Македонија
Перински: Време е општините да добијат поддршка од централната власт и да се инвестира во локалниот економски развој
Честа да се биде дел од владата која произлегува од огромната поддршка на народот, за мене е голема и неповторлива задача, напиша на Фејсбук, Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ.
„Благодарност до Претседателот Христијан Мицкоски за укажаната доверба да го предводам ресорот Локална Самоуправа, особено што реалноста говори дека во претходните влади многу малку се посветуваше внимание на ова министерство, каде постојат широки и огромни можности за развој и создавање. Очекувањата од граѓаните се големи, затоа и нашите напори за брзи резултати ќе бидат постојани и со огромна вложена енергија да се помогне на општините, а на тој начин да се помогне на граѓаните. Следи ново поглавје каде примат има одговорноста кон граѓаните, многу работа и нови проекти. Време е општините да добијат поддршка од Централната власт и да се инвестира во локалниот економски развој. Македонија мора да ја вратиме на народот, затоа што таа е наша, заедничка, единствена“, истакна Перински.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





