Македонија
Петмина починати и 252 позитивни на Ковид-19
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 867 тестови, а регистрирани се 252 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 127, Кавадарци – 14, Куманово, Битола и Охрид – по 12, Велес – 10, Прилеп – 8, Тетово – 7, Гостивар и Кичево – по 5, Штип, Кочани и Демир Хисар – по 4, Струга, Гевгелија, Делчево и Виница – по 3, Струмица, Неготино, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка и Богданци – по 2, Пробиштип, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (252), регистрирани се 59 реинфекции.
Регистрирани сe 426 оздравени пациенти од: Скопје – 202, Охрид – 25, Битола – 24, Куманово – 18, Кавадарци – 15, Велес – 14, Штип и Кочани – по 13, Прилеп – 12, Гевгелија и Струмица – по 11, Струга – 10, Тетово, Гостивар и Крива Паланка – по 8, Кратово – 5, Кичево и Неготино – по 4, Делчево, Виница, Ресен и Берово – по 3, Радовиш, Дебар и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крушево и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин регистрирани се 5 починати лица, од Скопје (2), Прилеп (2) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 59 до 90 години. Сите лица се починати во болнички услови. Починати се во период од 18.08. до 24.8.2022 година.
Направени се 867 тестови: ИЈЗ-124, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-21, ЦЈЗ Куманово-34, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-12, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8и Септември-0, Институт за микробиологија–73, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-16, Биотек-16, Систина-21, лабораторија Лаор-2, Синлаб-4, Ремедика-5, Плодност-5, Генеа-0, Никоб лаб-12, ВФВ Медикал-8, Ели медика плус-1, Ројал медика–0, Спектра-ММ-4, Рапид лаб–0, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб Дијагностика–0, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 354.
Досега во земјата се направени вкупно 2.147.514 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.492, бројот на оздравени пациенти е 327.780, на починати е 9.473, а бројот на активни случаи изнесува 2.239.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

