Македонија
Петровска и Агелер во посета на мултилатерална обука во касарната „Илинден“

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во касарната „Илинден“ во Скопје ги посетија припадниците на специјалните сили на македонската Армија, вооружените сили на САД и армијата на Албаниј, а кои заеднички ги развиваат своите способности и вештини.
Министерката Петровска пред специјалците порача дека и ова заедничко извежбување ја покажува блиската соработка помеѓу сојузниците во НАТО.
„Драго ми е што сите заедно вежбате, ги подобрувате вашите способности и на овој начин ги развивате способностите со кои сте секогаш подготвени да реагирате доколку е потребно. Продолжете да работите заедно затоа што на тој начин сме многу посилни и тоа е нешто на кое ние сите се потпираме“, рече Петровска.
Амбасадорката Агелер се заблагодари за посветеноста на сите учесници на вежбата и порача дека имајќи ги предвид опасностите со кои се соочува светот, индивидуалната и колективната подготвеност е поважна од кога било порано. Додаде дека се гордее на заедничката соработка и ѝ се заблагодари на Армијата, која е и домаќин на вежбата.
Заедничката вежба се реализира во касарната „Илинден“ од страна на здружени состави од специјалните сили од Северна Македонија, САД и Албанија во согласност со претходно утврдено сценарио. Заедничкото извежбување ги зголемува оперативната способност и подготвеноста на специјалните сили. Вежбата почна на 21 август годинава, а ќе заврши на 1 септември. Со учеството и обуката на здружените формации се постигнува напредок на одбранбените способности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претседателката Сиљановска-Давкова во посета на МАНУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети Македонската академија на науките и уметностите, вдомена во уникатното архитектонско дело на Борис Чипан.
„Имаше ретка прилика да го обиколи огромниот простор, составен од свечени сали, богати библиотеки, работни простории и канцеларии, облагородени со прекрасни слики, фигури и скулптури, да ѕирне во неколку лаборатории, да види вработени, занесени во истражувачките активности.
Уживаше во долгата и плодна дискусија со членовите на Извршниот одбор на МАНУ: Живко Попов – претседател, потпретседателите Витомир Митевски и Алајдин Абази и дописниот член Блажо Боев кои ја запознаа со историјата, биографските елементи и достигнувања на членовите, видот на проектите, врвните успеси, но и со хроничните и актуелни проблеми и предизвици“, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.
Претседателот на МАНУ, академикот Живко Попов и раскажа на претседателката на што работеле претходните 58 години академиците: научници и уметници, што откриле и створиле, каде и како се примениле откритијата и пронајдоците, со што не задолжиле нас, но и човештвото.
За претседателката, МАНУ, како персонификација на критичкиот и творечки ум, врвно знаење и креативност, заслужува далеку поголема почит, но и неопходна поддршка од барем 1% од БДП, зашто нема подобра и поисплатлива инвестиција од онаа во науката и културата. Ако сакаме да фатиме чекор со технолошки предизвици, мора повеќе да вложуваме во науката. Ако сакаме да го негуваме и промовираме националниот и културниот идентитет, мора да вложуваме во културата.
Се разбира, на средба одржана на Меѓународен ден на мајчиниот јазик, претседателката сметаше дека е важно да го истакне значајниот придонес на Одделението за лингвистика и литературна наука во МАНУ, изразувајќи верување дека навремените подготвителни активности за овој стожерен настан гарантираат достојно одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик.
Сепак, за неа, не е доволно и најважно да се манифестира посветеност на македонскиот јазик само при пригодни настани, туку е неопходно, мајчински да се грижиме за него постојано, секогаш и секаде.
Запознавајќи ги домаќините со иницијативата за изработка на Дигитален регистар на најуспешните, во функција на нивно вмрежување и поцврсто интегрирање во македонските работи, таа предложи и МАНУ да се вклучи во процесот.
На крајот, водството на МАНУ и претседателката изразија подготвеност за континуирана размена на идеи, предлози и сугестии, организирање научни дебати, конференции и проекти, како и културни настани под покровителство на претседателката.
Соговорниците, свесни и загрижени за драматичните промени во меѓународниот поредок, се согласија дека МАНУ е неодминлив субјект, креатор и партнер во креирањето стратешки пристап во барањето одговор на современите национални, регионални, европски и светски закани, дилеми и предизвици, се додава во соопштението.
Македонија
ВЛЕН: Со СДСМ и Венко Филипче, здравството беше во колапс

„СДСМ, која некогаш ветуваше “едно општество за сите”, денес е само машина за пропаганда која користи лаги и популизам! Под раководство на Венко Филипче, здравството беше во колапс, оставајќи ги граѓаните во несигурност и болка“, реагира ВЛЕН.
„Кога Филипче беше министер, здравството беше во клиничка смрт! Болниците без опрема, клиниките и болниците потопени во долгови, а медицинскиот персонал намален што едвај работеше. Несигурноста и неуспехот беа негова водилка! Филипче и СДСМ беа дел од бројни скандали, почнувајќи од модуларната болница во Тетово, Дурмо Турс, Онкологија и набавката на кинески вакцини.
Тој заедно со ДУИ го оставија здравството потопено во несигурност, користејќи ги здравствените работници како изборни алатки!
Но, со Арбен Таравари на чело, оваа разорна пракса се става крај! Несигурноста исчезнува, а повеќе од 1000 здравствени работници се систематизираат.
Во првата година од министерството на Таравари, ВЛЕН направи извонредни чекори за промена на здравството! По 15 години, позитивната листа на лекови беше ажурирана, помагајќи им на илјадници пациенти! Само оваа година, 300 специјализанти се примени, а 300 други ќе бидат примени следната година!
Ова е вистинска промена што ја донесе ВЛЕН, не СДСМ! Сега, здравството е во сигурни раце!“, се додава во реакцијата на ВЛЕН.
Македонија
Средба на поранешниот претседател Пендаровски со Веселенскиот Патријарх г. Вартоломеј Први Цариградски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски денеска во Истанбул оствари средба со неговата Сесветост г. г. Вартоломеј Први, Архиепископ Константинополски на Нов Рим и Вселенски патријарх.
На средбата се разговараше за состојбите во православниот свет и улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии, а, во тие рамки и за уникатното значење на Вселенската Патријаршија како врховно институционално тело во православието.