Македонија
Петровска: Ме следат и ми се закануваат

Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска преку социјалните мрежи сподели информација дека некој ја следи и дека и се заканува.
„Ме сликате, ме следите и се заканувате. Предходно не ме критукувавте за работењето туку ме омаловажувавте, навредувавте и клеветевте. Но јас криткував и ќе продолжам. Тоа ми е должност. Како што е должност на МВР да провери кој следи народен пратеник, доскорашен министер за одбрана односно жена додека го шета својот миленик и згора на се објавува фотографии на социјални мрежи и се заканува. Скопје 7 месеци по превземањето на МВР од страна на ДПМНЕ е небезбеден град.
Христијан, наместо да ме замолчуваш со притисоци од ваков тип одговори и на јавноста: Дали сторителите на вчерашното убиство во сред бел ден, во центарот на Скопје се двајца осудени криминалци кои наместо да се во затвор, биле на слобода и дали е точно дека по нив е распишана потерница пред повеќе од 30 дена. Во тоа време обврската за нивно пронаоѓање и враќање во затвор е на Министерството за внатрешни работи. Ако биле во затвор, каде што и требало да бидат, немаше да го извршат вчерашното убиство.
Значи, да го повториме прашањето:
Дали сторителите на вчерашното убиство во сред бел ден, во центарот на Скопје се двајца осудени криминалци кои наместо да се во затвор, биле на слобода и дали е точно дека по нив е распишана потерница пред повеќе од 30 дена“, напиша Петровска на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.