Македонија
Петровска од Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на алијансата
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во рамките на самитот на НАТО, кој се одржува во Мадрид, беше дел од панел-дискусијата: „Придонесот на НАТО за безбедноста и стабилноста во неговото соседството“ и на оваа тема дебатира заедно со министрите за одбрана на Португалија и Бугарија, Хелена Кареирас и Драгомир Заков, и претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер.
Петровска во своето обраќање нагласи дека овој самит на НАТО е одлична можност да се испрати порака за единство на демократските земји во одбрана на демократијата и нејзините вредности и да се брани меѓународниот поредок врз основа на правила.
За време на панелот, Петровска дискутира за зајакнувањето на долгорочното одвраќање и одбрана на НАТО, а во ера на стратешки натпревар, истакна дека партнерството на НАТО и ЕУ е од суштинско значење за безбедноста и просперитетот на евро-атлантската област, при што политичкиот дијалог меѓу двете организации останува од суштинско значење за продлабочување на оваа соработка.
Осврнувајќи се на значењето на регионот на Западен Балкан, Петровска потенцира дека овој регион е важен дел за европската безбедносна архитектура, како и дека на стабилноста не смее да се гледа како на еднаш засекогаш воспоставен факт.
Додаде дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со сè поголемите надворешни влијанија, како што се хибридните закани, сајбер-нападите, информациските манипулативни кампањи, кои придонесуваат за подгревање на национализмот.
„Западен Балкан е многу важен дел за европската безбедност и затоа потребно е НАТО заедно со ЕУ и другите партнери да продолжиме на зајакнување на одбранбените системи, да ги вложиме сите напори за забрзување на реформите и да се изнајдат иновативни решенија за надминување на отворените прашања за целосна евро-атлантска интеграција на регионот. Сега повеќе од кога било евро-атлантската и ЕУ-интеграцијата на регионот потребно е да се гледаат како алатка за подобрување на безбедноста, а со самата интеграција директно ќе се придонесе и кон спречување надворешни хибридни влијанија“, потенцира Петровска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.
Македонија
Ѓорѓиевски: Доста беше мрак, време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со покана до скопјани и гостите на главниот град за како што вели, незаборавен дочек на Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“.
По подолг период, Скопје повторно ќе пулсира во знакот на радоста и врвната музичка забава, со богата програма што ги обединува сите генерации и ја враќа празничната магија во срцето на градот, истакнуваат од Град Скопје.
„Скопје, дали сме подготвени за најдобрата забава?
Со голема чест и искрена радост, ве поканувам на плоштадот „Македонија“ на незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно ќе го сплоти градот.
Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски.
Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска.
Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.
Почитувани скопјани, доста беше мрак.
Време е за заедништво и за радост.
Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани.
Со домашни изведувачи, љубени од публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации.
Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува.
Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови.
Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава.
Се гледаме“, напиша на социјалните мрежи скопскиот градоначалник.
Македонија
Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица), поради сообраќајна несреќа во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан
Поради протест на грчките земјоделците, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) е во прекин.
Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.
На 30.12.2025 (вторник), од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

